Во рамките на интернационалниот проект „Ефект на пеперутката“ од програмата Еразмус+, учениците и професорите вклучени во проектот, во соработка со Црвен крст на Општина Карпош организираат хуманитарна акција ПОДАДИ РАКА, ПОДАРИ ЉУБОВ  за собирање храна, средства за хигиена и парични средства во деновите 09,10.02.2016 година, од 07.30-09.00ч. во прва смена и од 12.30-14.00ч. во втора смена, во холот на училиштето.

Собраните средства се наменети за помош на социјално загрозени семејства.