Во период од 20.03.2017 до 24.03.2017 во Шкофја Лока, Р. Словенија беше остварен проектот „3та средба на Европски гимназии“. Нашето училиште учевстува на овој проект по втор пат со 2 професори и 3 ученици од 2ра и 4та година. Проектот се остварува веќе 3 години и има генерално едукативна цел. Оваа година учествуваа делегации од 8 држави т.е. од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Унгарија, Романија, Германија и Данска. Овогодинешната тема беше ‘Класен час и класен раководител’. Беа одржани неколку работилници, преку кои учениците и професорите, не само што ги споделуваа своите искуства, начини на работење и проблеми, туку исто така наоѓаа решенија.