Погледнете како се одвиваше настанот Презентација на решенијата: Generation Unlimited – Младински предизвик!

На 20.02 во СУГС Гимназија „Орце Николов“, 5те тимови во трката за место во глобалниот избирачки процес на Младинскиот Предизвик, ги презентираа своите решенија за ставање крај на насилството врз и помеѓу децата. На настанот присутните слушнаа за #GenU авантурата од тридневната работилница за ко-креирање којашто се одржа изминатиот ноември, низ процесот на менторство, па се до сега, моментот на избирањето на двата тимови коишто продолжуваат во глобалниот натпревар. Со многу труд и работа зад нив, младите иноватори пред присутните ја отсликаа својата посветеност и решителност да внесат позитивна промена, како во својата земја на локално ниво, така и глобално!

Презентација на решенија: Generation Unlimited – Младински предизвик беше подржан од страна на ИТ Сектор при СУГС Гимназија „Орце Николов“

#ИТСектор

#SmartUP

#Unicef