Freedom Prize – ,,Награда за Мир” е проект создаден од Интернационалниот институт за мир и човекови права од Каен, Франција и има цел да го награди најважниот миротворец од различни области на дејствување во општеството. Кандидатите- финалисти беа одбрани од страна на интернационално жири во февруари, а македонски претставник беше ученикот Стефан Митиќ од СУГС ,,Орце Николов”. Наградата ќе се додели на 6 јуни 2019, за време на Форумот за мир во Каен. Најважниот кандидат се избира преку онлајн гласање, кое трае до 31 март 2019. Право на гласање има секој што има 15-25 години. 
Кандидатите се прикажани и објаснети во документот подолу.