Во внатрешноста на гимназијата се наоѓаат: 36 кабинети во кои се одржува настава, читална, библиотека, медиотека, канцеларија и простории за директорот, секретарот, благајниците, психолошко-педагошката служба итн. Најголемиот број од кабинетите се опремени со компјутери кои служат за интерактивна настава. Медиотеката е просторија која е исто така опремена со компјутери, печатач, скенер, фотокопир, телевизор и сл. Оваа просторија може да ја користат учениците доколку имаат потреба, но исто така служи и за презентации. Библиотеката на гимназијата е богата со сите видови на литература и што е најважно лесно може да се изнајмат делата кои се потребни за наставата по македонски јазик и литература.
Слајд шоу
Ентериер
Екстериер
Омиленото место за учениците, каде најчесто го поминуваат големиот одмор е дворот на гимназијата. На сликата можете да забележите дека има неколку места каде што учениците сакаат да се собираат. Најпопуларно е чекалиштето пред влезната врата на гимназијата, потоа позади споменикот (бистата) на Орце Николов и делот од дворот лево од гимназијата (блиску до поранешната Американса Амбасада). Во дворот на гимназијата се наоѓа и спортската сала, каде се одржуваат часовите по спорт, како и многу натпревари во кошарка, мал фудбал, одбојка и ракомет. Во спортската сала се наоѓа и целосно опремена фитнес просторија. Гимназијата „Орце Николов“ е единствената гимназија во Скопје, којашто може да се пофали со терен за тенис кој е сместен исто така во дворот. Важно е да се спомене и големото фудбалско игралиште и двете помали игралишта (кои може да служат за: кошарка, одбојка, ракомет, тенис и сл.) а се наоѓаат веднаш до теренот за тенис.
Поглед од горе
Поглед на гимназијата од птичја перспектива на кој јасно може да се забележи структурата на градбата на гимназијата.