Драмска секција

Почетна / Проекти / Драмска секција

Проектната активност ДРАМА И ДРАМСКА СЕКЦИЈА е активна уште од моментот на основање на училиштето. Целта на оваа проектна активност е учениците да ги покажат своите актерски, режисерски и сценографски способности и на сцената да донесат новорежирана постоечка претстава или пак сосема нова, од нив создадена претстава.
Секоја година интересот на учениците за оваа проектна активност е сé поголем и годишно членуваат околу стотина ученици. Учениците кои членуваат во оваа проектна активност учествуваат и на манифестации од натпреварувачки и ревијален карактер, како што се „Училишна гимназијада“, „Ние сме најдобри“ и сл., а одат и во посета на театарот во Белград.
Одговорни професори: Душко Стојановски и Љупка Боцевска.