Е-Учење

Почетна / Проекти / Е-Учење
Гимназијата „Орце Николов“ поседува специјализиран кабинет за настава со СМАРТ-интерактивна табла. Интерактивната СМАРТ-табла им обозможува на професорите примена на нови и онвативни наставни техники. Примената на овој тип настава овозможува збогатување на образовниот процес со мултимедијални содржини, користејќи ги алтките кои доаѓаат заедно со специјализираниот софтвер наменет за оваа табла. Овој кабинет е опремен и со 17 компјутери со најсовремен иновативен и едукативен софтвер, со што се овозможува осовременување на наставниот процес и примена на интерактивни методи во процесот на постигнување знаење. Одговорни професори: Борис Попов, Викторија Доказа и Елена Ристеска