Хор

Почетна / Проекти / Хор

Долгата и успешна традиција на хорското музицирање во СУГС Гимназија „Орце Николов“ започнува со почетоците на воспитно-образовната дејност на училиштето.

Многу музички педагози, со својата работа и посветеност во изминатите децении, дадоа свој придонес за развивање на љубовта кај младите за хорската уметност. Како резултат на овие активности, гимназијата е добитник на многубројни признанија и награди.

Секоја година, со заминувањето на членовите- матуранти, доаѓаат нови членови, вљубеници во хорското музицирање.

Хорот на гимназијата, работи под менторство на професорката по музичка уметност – Сузана Тнокова- Кузмановска.

Ентузијазмот и љубовта на младите за овој вид музицирање потврдуваат дека хорската активност ќе продолжи да се негува и во годините кои следуваат.