Клуб „Роботика и електроника“

Почетна / Проекти / Роботика

Клубот „Роботика и електроника“ ја актуелизира оваа наука во рамките на актуелното образование. Досегашните искуства го потврдија интересот на учениците за овој новитет преку нивните многубројни активности поврзани со предметите Физика, Математика и Програмирање. Клубот им нуди на учениците практична примена на стекнатите знаења.

Клубот „Роботика и електроника“ е еден од првите училишни клубови од ваков тип во Македонија, којшто успешно и непосредно го препознава и развива потенцијалот на учениците. Во рамки на активностите, учениците создаваат атрактивни креации преку кои успешно ја демонстрираат оригиналноста на овие научни дисциплини. Клубот активно работи на новите програмски цели, со заедничка поддршка на наставниците и учениците.