МАКИНОВА 2013

Во последниве пет години нашата гимназија е постојано присутна на саемот на иновации „Макинова“ и „Еконова“ која секоја година се одржува на Скопскиот саем во рамки на саемот за електроника, металургија, неметали и конструкција – ТЕХНОМА. Како и во изминатите години, така и оваа, учеството на млади умови и таленти од области на природните науки и технологии беше запечатен со златен медал. Ученичката Моника Фиданчевска од II – 7 клас под менторство на Виолета Толева, професор по хемија, на саемот на иновации кој се одржа во периодот од 15 – 19. 10. 2013 се претстави со темата „Добивање на стипса од отпаден алуминиум“. Својата иновација успешно ја презентираше како пред посетителите на саемот така и пред повеќечлената жири комисија. Оваа иновација од еколошка проблематика на Моника и овозможи да се закити со златен медал и со неколку пофалници (СПАТУМ и ЕМИТЕР). (слики во галеријата) Саемот на иновации го посетија и првиот човек на државата, Г-дин Ѓорѓи Иванов и министерот за образование и наука, Г-дин Спиро Ристевски кои се интересираа за творештвото на младите иноватори (види слики во галеријата на фотографии).

Skills

,

Posted on

октомври 4, 2015

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.