Упис

Почетна / Инфо / Упис

Врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2017/2018 година во Република Македонија, објавен од Министерството за образование, Училишната комисија на Средното училиште на Град Скопје Гимназија “Орце Николов” – Скопје за запишување на ученици во учебната 2017/2018 година , на ден  21.04.2017 година го објави следниот:

 

К О Н К У Р С

за запишување ученици во прва година за гимназиско образование за учебната 2017/2018 година

 

I. БРОЈ НА УЧЕНИЦИ И ПАРАЛЕЛКИ

Во I- ва година ќе се запишат вкупно: 9 паралелки со вкупно 285 ученици во гимназиско образование , од кои

  • во 5 паралелки со вкупно 170 ученици наставата ќе се изведува на македонски јазик и кирилско писмо
  • во 1 паралелка со 25 ученици со билингвална настава (одреден број предмети ќе се изведува на француски јазик)
  • во 3 паралелки со вкупно 90 ученици со билингвална настава (одреден број предмети ќе се изведува на англиски јазик)
  • При пријавувањето за гимназиско образование потребно е учениците уште при самиот упис да се определат согласно своите афинитети, за соодветното подрачје и комбинација(А или Б) што ќе ја изучуваат во текот на нивното образование
  1. Природно -математичко подрачје (комбинација А)
  2. Природно -математичко подрачје ( комбинација Б)
  3. Опшествено -хуманистичко подрачје ( комбинација А)
  4. Опшествено -хуманистичко подрачје ( комбинација Б)
  5. Јазично уметничко подрачје (комбинација А)
  6. Јазично уметничко подрачје (комбинација Б)

 

Наставни планови 2017-2018

 

II. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
  • да имаат завршено основно образование
  • да не се постари од 17 години
  • да се определиле за план и програма за гимназиско образование
  • да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој КОНКУРС

 

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
  • пријава за запишување (се подигнува во училиштето и истата е бесплатна);
  • оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
  • додаток на свидетелство за IX одделение со резултати од екстерно проверување на постигањето на успехот на учениците;
  • извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето – оригинален документ).

 

IV. КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во два уписни рока, јунски и августовски, со две пријавувања во јунскиот и едно пријавување во августовскиот рок, доколку има слободни места

  1. Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот рок се врши: на 28 и 29 јуни 2017 година, од 07:00 – 15:00 часот,
    • Резултатите од запишувањето на учениците ќе се објават на на 30 јуни 2017 година
      • Доколку со примена на основните критериуми за избор, на ранг листата се појават поголем број  ученици од планираниот  број со еднаков број на поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката ( математика и историја ) – на 3 јули 2017 година, а резултатите ќе се објават – на 4 јули 2017 година.
      • Доколку во вкупниот број на примени ученици, за билингвалните паралелки аплицирале поголем број кандидати од планираниот број, ќе се организира квалификационо тестирање од предметот англиски јазик, односно француски јазик – на 3 јули 2017 година, а резултатите ќе се објават – на 4 јули 2017 година.

2. Второто пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок, доколку има слободни места, ќе се врши на 5 јули 2017 година, а резултатите од запишувањето и слободните места, доколку ги има, ќе се објават на 6 јули 2017 година.

3. Пријавувањето на учениците во августовскиот уписен рок доколку во училиштето сеуште има слободни места, ќе се врши на 24 август 2017 година, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 25 август 2017 година.

4. Доколку во училиштето во двата уписни рока не се потполни утврдените ученички места за запишување, уписот ќе продолжи до 31 август 2017 година.

Против одлуката за упис учениците и нивните родители (старатели), во рок од 24 часа од соопштувањето на резултатите, можат да поднесат приговор до Училишниот комисија, која по приговорот решава во рок од 24 часа од приемот на приговорот.

Решението по приговорот е конечно.

 

V. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИ
  • средниот успех на ученикот од VI-IX одделение,
  • средниот успех на ученикот постигнат по четири предметите: (мајчин јазик, странски јазик- како задолжителни и два предмети што се од значење за струката – односно изборното подрачје,
  • дипломи од освоени (I, II и III ) место од меѓународни и републички натпревари (од мајчин јазик, странски јазик и наставните предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје,
  • средна вредност од поени добиени од поведение,
  • среден успех од резултатите од екстерното проверување на постигањето на успехот на ученикот за IX одделение.

 

  1. За средниот успех од VI-IX одделение, ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо , осмо и деветто одделение се собира, се дели со четири и истиот број се множи со коефициентот 10). 
  2. За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети:Двата наставни предмети задолжително за сите видови на образование и два предмети што се значајни за струката – подрачјето, ученикот може да добие најмногу 20 поени  (5 поени за секој предмет).
  3. За освоено место од меѓународни и републички натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од републицчки натпревари 3 поени за И место, 2 поени за II место, и 1 поен за III место. На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.
  4. За средна вредност од поените за поведение од VI-IX одделение ученикот може да добие најмногу 2 поени : примерно поведение се вреднува со 2 поени, добро поведение со 1 поен и незадоволително поведение со 0 поени.
    Средната вредност е збир од поените за поведението од VI, VII, VIII и IX одделение, поделено со 4).
    За средниот успех од резултатите од екстерно проверување на постигањето на успехот за IX одделение, ученикот може да добие најмногу 5 поени(оценките по наставните предмети од додатокот на свидетелство за IX одделение од екстерно проверување на постигнување на успехот на ученикот се собираат и се делат со 2).

 

  • Ученикот по сите критериуми утврдени во овој конкурс може да освои најмногу најмногу 82 поени.
  • Минималниот број поени со кои кандидатите ќе можат да конкурираат за запишување во СУГС Гимназија “Орце Николов”- Скопје, е 60 поени за првото пријавување во првиот уписен рок. 
  • За учениците кои деветто одделение го завршиле во Република Македонија, а едно, две или три одделенија (шесто, седмо или осмо) завршиле во странство, з за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат  истите критериуми за  избор на ученици дадени погоре.

 

 

VI. ИЗБОР И ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
  1. Изборот и запишувањето на учениците се врши, врз основа на ранг листа изготвена според вкупниот број поени што се пресметуваат одделно за секој кандидат.
  2. Вкупниот број поени се утврдува според критериумите за избор на учениците.
  3. Учениците кои ја повторувале годината се запишуваат без рангирање ако се пријават во првиот уписен рок

 

НАПОМЕНА

  • Пријавувањето да се врши лично од ученикот или родителот (старателот).
  • Во пријавата да се назначи дали се запишува за билингвална настава.
  • Задолжително да се избере соодветно подрачје.
  • Некомплетни документи нема да се примаат.
  • Документите на кандидатите коишто не ќе бидат запишани во училиштето, да се подигнат лично, најдоцна наредниот ден по објавувањето на ранг листата.

Во случај да имате дополнителни прашања за уписот

Нашиот персонал со голема посветеност и задоволство ќе се потруди да ви одговори на вашите прашања.

Контактирајте не