Кариерен центар

Почетна / Услуги / Кариерен центар

Центарот за кариерно образование е отворен во април, 2011 година, како центар што овозможува унапредување на квалитетот на воспитно-едукативниот процес. Оттогаш наваму, овој центар ги исполнува сите претпоставени цели и задачи на современото образование. Промените во наставниот процес, меѓу кои и воведување на предметот Претприемништво во средното образование, како и сите други интензивни промени во информатичкото општество, со неговото отворање добија поддршка во форма на критичко знаење кое им помага на учениците полесно да се соочат со сите предизвици, за време и по завршувањето на средното образование. Истовремено, центарот придонесува за континуиран професионален развој на наставниот кадар, преку обуки, семинари и работилници, во насока на подобрување на меѓусебната комуникација во училиштето, со другите училишта во нашата држава и надвор од неа.

Центарот за кариерно образование е отворен за учениците и за родителите, овозможувајќи им знаења и идеи од многу области кои го следат животот и работењето во современото информациско општество.

Исто така секоја година од страна на центарот се организира ОТВОРЕН ДЕН на училиштето, на кој волонтерите во центарот, под менторство на професоката Павлина Пецанова Штерјоски ги информираат заинтересираните ученици и нивните родители за условите за учење во училиштето. Можеме со гордост да кажеме дека секоја година се зголемува бројот на посети на отворениот ден.

Во училиштето се спроведува кариерно советување од страна на Павлина Пецанова Шетрјоски, професор по бизнис и претприемништво и Ана Попризова, училишниот психолог, кои поминаа обука за кариерни советувачи, организирана од МОН, а реализирана од ЈЕС програмата на УСАИД.

Контактирајте го кариерниот центар

14 + 15 =