60 Години

Почетна / За нас / 60 години

60-Години-Logo

Ми претставува особена чест што сум дел од еден ваков јубилеј, празник на Училиштето, на генерациите и на поединците кои денес се културни и научни амбасадори на Република Македонија. Денес се слави споменот на едно време. “Орце Николов” е автентичност, оригиналност, идентитет, историја!

Шеесет јубилејни години се зад нас, години од неговото успешно функционирање и непрекинато освојување на престижни награди и признанија. Да се биде дел од оваа Гимназија е вистинска привилегија, но да се биде Директор е голем предизвик и уште поголема одговорност. Искрено се радувам што гимназијата “Орце Николов” се развива како заедница на квалитетот, на креативноста, на слободниот ум и на новите идеи. Поради сето ова “Орце Николов” е траен белег на едно постоење, непрекината врска на генерациите, наша сегашност и иднина. И надеж дека засекогаш тоа и ќе остане!

 

Сунчица Поповска

директор на СУГС Гимназија “Орце Николов”