Денови на патронот

Почетна / За нас / Денови на патронот

Во 2014та за прв пат се одржа манифестацијата „Денови на патронот“ која траеше во периодот од 17 до 20 март. Оваа манифестација се роди како идеја на група ученици од гимназијата. Иницијативата беше поддржана од наставниците, родителите и учениците во училиштето и доби поширока афирмација во јавноста.

Во тие денови, во училиштето беа реализирани голем број активности кои учениците сами ги предложија и ги реализираа со менторство на наставниците. Беа организирани работилници за: фотографија, изработка на графити, ликовна работилница и работилница за вештини во шминкање. Освен работилниците, учениците преку одржаните дебати и ораторство имаа можност да ги искажат своите ставови и аргументи во однос на акуелни теми.

На оваа манифестација учениците имаа можност да настапат со музички точки, бендови, stand-up comedy, freestyle, глума. Истовремено беше одржана и трибина со познати гости од различни области. На трибината настапија Димитар Георгиев (светски првак во кик-бокс), Ади Имери (музичар) и Игор Ивановски (режисер), кои споделија свои сеќавања од ученичките денови. Манифестацијата заврши со спортски натрпревари и настапи на повеќе музички бендови.