Директор

Почетна / За нас / Директор

м-р Митко Димовски

Митко Димовски е роден на 24. јануари 1980 година во Скопје. Основно и средно образование завршува во родниот град, каде што се запишува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во 1998 година, на катедрата за македонски јазик и литература.

Неговото прво вработување е како техничар по очна оптика, со оглед на дипломата со која се здобива по завршувањето на средното образование. Чекајќи ја шансата да се вработи како професор по македонски јазик и литература, Митко Димовски се занимава со својата пасија – свирење на гитара, пишување драмски и други литературни текстови, иако аматерски, но следејќи ги секогаш своите внатрешни пориви за изразување на своите уметнички чувства.

Во 2009 година конечно ја добива својата шанса да се вработи како професор по македонски јазик и литература во гимназијата „Никола Карев“. Во Гимназијата, од 2012 до 2014 год. работи и како помошник директор, а освен редовните часови, предвидени со наставната програма по македонски јазик и литература, предава и часови по драмска уметност, кои спаѓаат во факултативната настава и за учениците се изборни. Големиот интерес на учениците да ја слушаат оваа факултативна настава, уште повеќе ќе го мотивира Димовски да навлегува сѐ подлабоко во запознавањето и проучувањето на драмската и театарската уметност, па така ќе формира драмска секција, во која учествуваат најталентираните ученици, кои ги бира по пат на аудиции.

Од 2014 година преминува да работи во гимназијата „Орце Николов“ – Скопје, каде што ја продолжува својата работа, не само како професор по македонски јазик и литература, туку и како професор по драмска уметност. Тој и овде формира драмска секција, со која исто така постигнува забележителни резултати со своите ученици.

Од 02.04.2018 Митко Димовски е назначен за вршител на дејност директор во гимназија „Орце Николов“ – Скопје.

Контактирајте ја канцеларијата на директорот

1 + 5 =

Директори на училиштето низ годините

 

  1. Соколовска Олга, во 1955 година;
  2. Јукиќ Бернарда, во 1956 година
  3. Петровиќ Љубо, од 1958 до 1964 година;
  4. Гогушевска Нада, од 1965 до 1973 година;
  5. Шарац Јован, од 1974 до 1980 година;
  6. Михајловска Елена, од 1981 до 1986 година;
  7. Славенска Станка, од 1986 до 1992 година;
  8. Станковиќ Крстеска Мирјана, од 1992 до 1999 година;
  9. Китански Ѓорѓи, од 1999 до 2009 година;
  10. Поповска Сунчица, од 2009 до 2018 година;
  11. Димовски Митко, од 2018 до денес.