Куќен ред

Почетна / За нас / Куќен ред

Со куќниот ред се регулира редот, дисциплината, односите меѓу учениците, наставниците и  наставата во Училиштето;

Според Законот за средно образование и воспитание, како и Статутот на Училиштето, учениците имаат права кои ги остваруваат преку наставата и другите облици на воспитно-образовна работа, а истовремено имаат и обврски коишто треба да ги исполнуваат и почитуваат.

  1. Училиштето работи во две смени. Прва смена од 30 – 14.05, втората смена од  13.00 – 19.35
  2. Учениците доаѓаат на настава најдоцна пет минути пред почетокот на наставата. Главниот влез се затвора во 7.35 часот односно во 13.05 часот.
  3. По завршување на наставата учениците ја напуштаат училишната зграда, освен во случај на воннаставни активности
  4. Учениците не минуваат низ службениот влез на училиштето.
  5. Сите потреби од административен карактер учениците ги остваруваат исклучиво преку класните раководители (потврди, уверенија и сл.)
  6. Ученикот како субјект во воспитно-образовниот процес да има јасна слика за својата положба и улога во училиштето и да ги знае своите права и одговорности и да се прилагодува на новите барања
  7. Учениците да ги почитуваат законските одредби и одлуките на органите во училиштето и пошироко
  8. Секогаш да служи за пример со својот изглед и однесување и да формира културни и естетски навики, да внимава на својот морален лик
  9. Да се почитуваат аргументите на другите и да не се даваат непристојни коментари
  10. Секој ученик треба да биде ценет како личност без огледа на неговите способности, талент, пол, раса, култура, традиции, националност, вероисповест и социјална положба
  11. Ученикот да има совесен, одговорен и хуман однос кон сите во училиштето
  12. Да ја почитува личноста на своите соученици, наставници и родители и да ја цени меѓусебната зависност на индивидуи и групи
  13. Ученикот кој од оправдани причини ќе задоцни на настава до пет минути, предметниот наставник е должен да го прими на часот, да евидентира во дневникот дека задоцнил, а кл.раководител да го регулира изостанувањето. Подолго изостанување од часовите нема да се толерира, односно на ученикот нема да му биде дозволено да влезе на часот.
  14. Учениците се должни задолжително да ја носат работната облека (униформа) за цело време на наставните часови и за време на одморите.
  15. Во случај кога наставникот од било која причина не е на часот подолго од 10 минути, потребно е дежурниот ученик да го извести раководителот на смена, заради регулирање на часот.
  16. Додека трае часот, забрането е излегување од часот и шетање низ ходници за да не се наруши текот на наставата
  17. За време на наставата потребно е во училишната зграда да има работна дисциплина.
  18. Се забранува групно и индивидуално напуштање на часови. Поради истото на учениците ке им бидат изречени педагошки мерки. Заради групно или индивидуално напуштање на часови, на учениците им се изрекуваат педагошки мерки