На 18 Јуни 2020 година, Министерството за образование и наука објави:
Министерството за образование и наука информира дека јавните средни училишта во кои се пријавени поголем број на ученици со ист број на поени од предвидениот број на ученички места во конкурсот за запишување ученици во средно образование за учебната 2020/2021 година, ќе организираат квалификационо тестирање на 22 јуни со почеток во 10:00 часот.
Учениците кои се пријавиле за гимназиско образование (за сите подрачја) ќе бидат тестирани по наставниот предмет математика и по македонски, албански, турски, односно српски јазик, зависно од тоа на кој јазик ја следеле наставата во основното образование. Додека, за учениците кои се пријавиле за здравствена струка (за сите образовни профили) ќе се организира проверка на знаењето по наставните предмети биологија и хемија, исто така на јазикот на кој ја следеле наставата во основното училиште.
Конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 22 јуни 2020 година.
Дали училиштето е подготвено за квалификациони испити според посточеките протоколи за полагање на испит со физичко присуство?
Протоколите (меѓу останатото) вклучуваат:
– Организиран простор во училниците со потребното физичко растојание меѓу учениците од минимум 2 метри и присуство на максимум 10 ученици во една училница;
– Поставени ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето;
– Поставени средства за дезинфекција на влезот во училиштето, како и пред и во просториите каде ќе се врши полагањето на учениците.
Како да се увериме дека децата нема да бидат изложени на здравствен ризик за време на квалфикациониот испит?
Почитувани родители,
Ја разбираме вашата загриженост и неизвесност која ја чувствувате во овој момент.
Сакаме да ве информираме дека досегашната состојба со кандидатите укажува дека бројот на ученици со ист број поени (75.00) го надминува бројот на ученици кои би требале да се запишат, според конкурсот за упис на ученици во прва година во учебната 2020/2021.
Во ваков случај должни сме да го известиме МОН и да ги почитуваме препораките за организирање на квалификационо тестирање, по предметите македонски јазик и математика.
Повеќе информации за ова објавивме во дописот кој е објавен од страна на МОН.
Ние како училиште, немаме надлежност да носиме одлуки, туку постапуваме според насоките на МОН.
Во текот на утрешниот ден, во 15.00ч. ќе бидат објавени резултатите од уписот и сите потребни информации на влезот од училиштето и веб страната.
Останете спокојни и во добро здравје!
Ve molam.za info za PMB koi predmeti ke se testiraat ucenicite
Почитувани, Македонски јазик и математика се предметите по кои ќе се тестираат кандидатите. Ова се однесува на сите подрачја
Pocituvani
So ogled na toa sto brojot na deca koi treba da se zapisat e nadminat, dali postoi sansa direktorot na ucilisteto da razmisli za otvaranje na uste edna paralelka? Nie kako roditeli sme premnogu zagrizeni za situacijata vo koja se naogjame i mislime deka decata koi imaat prosek 5.0 treba da bidat primeni. Blagodaram
Почитувани родители,
Тоа е одлука на МОН. Раководниот кадар е во комуникација со надлежните во МОН со цел да се изнајде најдобро решение, имајќи ја во предвид актуелната состојба.
Ve molam ima ucenici so site petki, so drzavni navradi, prvenci na generacija i vie ke gi testirate.Ne samo toa ucenicite gi stavate pred svrsen cin bez prethodno da se podgotvat
Vo ova vreme- nevreme uste poveke ja usloznuvate sostojbata.Bidete poliberte nozenjeto na odlukite
Pozdrav
Почитувани родители,
Ја разбираме вашата загриженост и неизвесност која ја чувствувате во овој момент.
Сакаме да ве информираме дека досегашната состојба со кандидатите укажува дека бројот на ученици со ист број поени (75.00) го надминува бројот на ученици кои би требале да се запишат, според конкурсот за упис на ученици во прва година во учебната 2020/2021.
Во ваков случај должни сме да го известиме МОН и да ги почитуваме препораките за организирање на квалификационо тестирање, по предметите македонски јазик и математика.
Повеќе информации за ова објавивме во дописот кој е објавен од страна на МОН.
Ние како училиште, немаме надлежност да носиме одлуки, туку постапуваме според насоките на МОН.
Во текот на утрешниот ден, во 15.00ч. ќе бидат објавени резултатите од уписот и сите потребни информации на влезот од училиштето и веб страната.
Останете спокојни и во добро здравје!
Да се носи ваква одлука во услови кога секојдневно се зголемува бројот на заболени, кога се ослободија матурантите од полагање на матура, малку е да се каже дека е крајно неодговорно од страна на Министерството, ова е целосна негрижа за здравјето на децата.
Почитувани родители,
Ја разбираме вашата загриженост и неизвесност која ја чувствувате во овој момент.
Сакаме да ве информираме дека досегашната состојба со кандидатите укажува дека бројот на ученици со ист број поени (75.00) го надминува бројот на ученици кои би требале да се запишат, според конкурсот за упис на ученици во прва година во учебната 2020/2021.
Во ваков случај должни сме да го известиме МОН и да ги почитуваме препораките за организирање на квалификационо тестирање, по предметите македонски јазик и математика.
Повеќе информации за ова објавивме во дописот кој е објавен од страна на МОН.
Ние како училиште, немаме надлежност да носиме одлуки, туку постапуваме според насоките на МОН.
Во текот на утрешниот ден, во 15.00ч. ќе бидат објавени резултатите од уписот и сите потребни информации на влезот од училиштето и веб страната.
Останете спокојни и во добро здравје!
Kade ke gi testirate ? Na Stadion?
Ke zafatat korona!.
Prilagodete se na situacijata.
Ne gi maltretirajte decata uste ne pocnale da ziveat, treba da se razocaraat od vasite nepromisleni odluki!
Ucenici prvenci, so drzavni nagradi i so site petki vie gi stavate vo kos so site ostanati.Razmislete malku.
Ne potkleknuvajte na odlukite nepromisleni od ministwrstvoto.
Dajte im sansa na site deca da ucat.
Pozdrav
Почитувани родители,
Ја разбираме вашата загриженост и неизвесност која ја чувствувате во овој момент.
Сакаме да ве информираме дека досегашната состојба со кандидатите укажува дека бројот на ученици со ист број поени (75.00) го надминува бројот на ученици кои би требале да се запишат, според конкурсот за упис на ученици во прва година во учебната 2020/2021.
Во ваков случај должни сме да го известиме МОН и да ги почитуваме препораките за организирање на квалификационо тестирање, по предметите македонски јазик и математика.
Повеќе информации за ова објавивме во дописот кој е објавен од страна на МОН.
Ние како училиште, немаме надлежност да носиме одлуки, туку постапуваме според насоките на МОН.
Во текот на утрешниот ден, во 15.00ч. ќе бидат објавени резултатите од уписот и сите потребни информации на влезот од училиштето и веб страната.
Останете спокојни и во добро здравје!
Крајно неодговорно од страна на министерството, во услови на секојдневно зголемен број на новозаболени, во услови кога се откажа и државната матура, да се игра со здравјето на децата
Почитувани родители,
Ја разбираме вашата загриженост и неизвесност која ја чувствувате во овој момент.
Сакаме да ве информираме дека досегашната состојба со кандидатите укажува дека бројот на ученици со ист број поени (75.00) го надминува бројот на ученици кои би требале да се запишат, според конкурсот за упис на ученици во прва година во учебната 2020/2021.
Во ваков случај должни сме да го известиме МОН и да ги почитуваме препораките за организирање на квалификационо тестирање, по предметите македонски јазик и математика.
Повеќе информации за ова објавивме во дописот кој е објавен од страна на МОН.
Ние како училиште, немаме надлежност да носиме одлуки, туку постапуваме според насоките на МОН.
Во текот на утрешниот ден, во 15.00ч. ќе бидат објавени резултатите од уписот и сите потребни информации на влезот од училиштето и веб страната.
Останете спокојни и во добро здравје!
Почитувани, може ли да објавите листа на кандидатите кои ке треба да полагаат. Како ке знаеме кои ученици се со ист број поени инаку.
Почитувани родители,
Во текот на утрешниот ден, во 15.00ч. ќе бидат објавени резултатите од уписот и сите потребни информации на влезот од училиштето и веб страната.
Останете спокојни и во добро здравје!
Vo vakvi uslovi kade sekojdnevno imame zaboleni po 100 i povekje lica samo vo Skopje, vie sakate da sprovedete testiranje? Zasto togas ne se molagase matura. Zasto nasite deca koi se ubija od ucenje i se so nagradi od natprevari da bidat testirani? Ako mislite na zdravjeto na site zasto gi preskoknivate nasite deca?
Почитувани родители,
Раководниот кадар е во комуникација со надлежните во МОН со цел да се изнајде најдобро решение, имајќи ја во предвид актуелната состојба.
Почитувани,
И покрај тоа што крајната одлука е во рацете на МОН, сепак сметам дека раководителот на вашата образовна установа треба да предложи конкретно решение до надлежните со цел надминување на оваа ситуација.
Овие генерации допрва ќе се судираат со секакви предизвици, па сметам дека сме должни како општество да им овозможиме барем достоен старт во оваа нов животно поглавје. Зборуваме за деца кои досега биле одговорни и беспрекорно го завршиле своето досегашно образование и кои се одлучни дека и понатаму сакаат да се надградуваат себе си.
Навистина нема потреба да го загрозуваме здравјето на нашите деца и да им предизвикуваме дополнителни стресови во ова време на и онака преголем стрес и неизвесност.
Ви благодарам.
Почитувани родители,
Раководниот кадар е во комуникација со надлежните во МОН со цел да се изнајде најдобро решение, имајќи ја во предвид актуелната состојба.
Се согласувам, потполно сте во право, многу убаво кажано.
Vo vakvi uslovi kade sekojdnevno ziveeme vo strav, direktorotna ucilisteto treba da stapi vo pregovori so MON i da se iznajde ITNO RESENIE ZA OBOJ PROBLEM.
Ne e vo red ako nekoi ne polagale matura, drugi da polagaat priemni ispiti.
Почитувани родители,
Раководниот кадар е во комуникација со надлежните во МОН со цел да се изнајде најдобро решение, имајќи ја во предвид актуелната состојба.
Почитувани,
од извори од училиштето имаме информација дека вкупниот број на ученици со просек 5.0, е 302 ученици. Овој број е многу помал во однос на бројот на ученици кои се примаа изминатите години, кога се прошируваше бројот на паралелките за да се излезе во пресрет на учениците.
Самиот министер за образование и наука во текот на вчерашниот ден, а по повот зголемување на бројот на паралелки во Математичко/информатичката гимназија кажа дека секогаш се излегувало во пресрет па така ќе биде и оваа година.
Оваа година имаме многу посериозна состојба со заразени со Covid19 вирусот, и повторно се пушта информација за тестирање.
Дали и оваа година ние како родители треба да организираме протести пред училиштето и пред министерството како што беше случај и минатата година?
Се поголем е бројот на родители кои се спремни и на вакво нешто иако ситуацијата е лоша, да се организираме на протест, а се со цел да го заштитиме индивитуалното а и колективното здравје.
Ве замолуваме нашиот револт во целост да го пренесете до надлежните во министерството и тестирањето конечно да биде одложено затоа што за него нема потреба а и е невозможно да се одржи а притоа да се гарантира здравјето на децата.
Со почит,
Почитувани родители,
Раководниот кадар е во комуникација со надлежните во МОН со цел да се изнајде најдобро решение, имајќи ја во предвид актуелната состојба.
Во вакви моментални услови со епидемијата навистина не е неопходно да се организираат квалификациони тестирања на учениците и да се загрозува и нивното здравје како и здравјето на наставниот кадар во училиштето. Ако не е преголем бројот на пријавени ученици, односно ако овој број го надминува бројот на ученици кои се предвидени да се запишат за некои дополнителни 30-40 ученици, тогаш не би требало да има тестирања, може училиштето да ги запише сите пријавени ученици, сугурна сум дека има простор и кадар за уште толку ученици во училиштето.
Почитувани, гимназијата има ограничен број на кабинети и кадар, овие околности не создаваат услови за да се запишат сите пријавени ученици. Сепак тоа е одлука на МОН. Раководниот кадар е во комуникација со надлежните во МОН со цел да се изнајде најдобро решение, имајќи ја во предвид актуелната состојба.
Почитувани,
Дали учениците кои се запишуваат во француската паралелка ќе треба да полагаат приемен испит, доколку бројот на запишани во паралелката е ист или приближен до предвидениот?
Ве молам вратете.
Поздрав!
Почитувани родители,
Според препораките на МОН, прво ќе се спроведе квалификационо тестирање за упис во училиштето, при што ќе се полага македонски јазик и математика.
По извршената селекција на кандидати, ќе следува второ тестирање за влез во билингвални паралелки, при што учениците ќе се тестираат за познавање на англиски или француски јазик.
Останете спокојни и во добро здравје!
Почитувани
Секоја општина и град имаат средни училишта – гимназии и не гледам причина зошто се дозволува прием на ученици од други градови, особено што од сабајле сите други градови се жалат на недоволен број на средношколци за пополнување на класовите.
Во случај дете од Скопје да биде одбиено со приемов тоа дете стварно нема 2-ра опција каде да се запише бидејки сите Скопски средни школи за пополнети. Ќе мора нашите деца да одат да се запишуваат во средните во Битола, Прилеп, Велес . .
Ова стварно нема никаква логика.
Поздрав
Пред да започнат уписите директорот јавно излезе со соопштение дека ќе има тестирање доколку има потреба.Пред да ги дадете документите требаше да бидете свесни во каков ризик влагате.Некои деца иако имаат 75 бода не отидоа заради тој ризик во оваа гимназија.Мислам дека не е фер сега да се злоупотребува сегашната кризна состојба и да се бара сите да бидат примени.Спремајте се за приемен испит и останете во добро здравје
Така е и во право си.
Но, во Огласот за упис никаде не пишува полагање на македонски јазик, со напомена дека децата сите учебници ги вратија назад, а и предметот не е нешто што може да се научи за 3 дена.
Се согласувам за тестирање по математика и англиски/француски јазик, и за тоа сме се спремале овој период, со тоа што мора да се најде начин да се гарантира безбедност на децата во оваа пандемија.
Дали некој размислил и како ќе им се овозможи правото на полагање на децата кои се во самоизолација?!
Pocituvani,
Znaeme deka brojot na ucenici so prosek 5,0 e pogolem od brojot na decata koi treba da se primat. So ogled na nastanatata krizna situacija kade se raboti za zdravjeto na site gragjani dali mislite deka tesiranjeto e ispravna merka i e zadolzitelno koga maturite se odlozija? Dali e fer sprema decata od ovaa ucebna godina da se testiraat ako gi sporedime so ucenicite koi lani bez priemni ispiti se zapisaa vo istovo skolo posle protestot na roditelite?
Direktorot na ovaa ustanova mora da ima ingerencii vo MON barajkji da se iznajde soodvetno resenie za ovoj problem. Ne sakame nitu vas, nitu nie da se dovedeme vo opasnost i da izlezeme na protesti kako minatata godina.
Ocekuvame da ja slusnete nasata zabrizenost i da pomognete okolu resavanje na problemot so koi se soocuvame.
Vi posakuvam dobro zdravje na site.
So pocit.
Почитувани родители,
Раководниот кадар е во комуникација со надлежните во МОН со цел да се изнајде најдобро решение, имајќи ја во предвид актуелната состојба.
Znaeme deka ima povekje prijaveni deca od dozvoleniot broj no vo vakvi uslovi na pandemija dali nekoj razmisluva za zdravjeto na vospitniot kadar kako i na nasite deca? Ako mozese da se izostavi polaganje na matura, da se primat poveke ucenici lanskata upisna godina zosto sega e potrebno testiranje?
Direktorot treba da bide vo komunikacija so MON i da ja izlozi nasata zagrizenost kako roditeli a so toa MON da gi sogleda prigovorite na roditelite i da donese razumno resenie, sepak se raboti za zdravjeto na site.
Почитувани родители,
Раководниот кадар е во комуникација со надлежните во МОН со цел да се изнајде најдобро решение, имајќи ја во предвид актуелната состојба.
Кога ќе се тестираат учениците за билингвалните англиски паралелки, ве молам?
https://orcenikolov.edu.mk/2020/06/kvalifikaciono-testiranje-angliski/