Видеото е подготвено од учениците кои учествуваа во проектот Беит: Создавање на свесност: Урбаното наследство и европскиот плурализам, Скопје 2020, реализиран од Институтот Балкан про Европа – Скопје, со финансиска поддршка од Министерство за култура.
 
Во проектот партиципираа 32 ученици од училиштата СУГС „Орце Николов“, СУГС „Зеф Љуш Марку“, ООУ „Тефејуз“ и ООУ „Лазо Трповски“, со професорите Љубиша Гавровски, Насер Мифтари, Лејла Халим, Елена Јовановиќ. Фасилитатори: Павел Велјановски и Игор Јурков. Носител на проектот: Митко Б. Панов
Со проектот беше постигната клучната за обезбедување на меѓуетничка кохезија преку истражувањето и восприемањето на културното наследство и поврзувањето со современите општествени теми. Преку истражувањето на културното наследство, што го вклучува и современото поимање и поврзаноста со општествениот контекст, учениците градат свесност за културното наследство како заедничка интегрирачка придобивка која е неопходно да се негува, заштитува и промовира.
 
Во продолжение тексот кои учениците сами го составија кој ги содржи нивните рефлексии за поврзувањето на културното наследство со темите од современото општество релевантни за нив:
Во текот на изминатите три месеци, бевме дел од проектот „Бејт“, проект кој обедини четири групи ученици од, четири различни училишта, како што се: Средно училиште „Зеф Луш Марку“, Средно училиште „Орце Николов“, O.O.У. „Лазо Трповски“ и O.O.У „Тефејуз“, сите од нашиот главен град Скопје. Проект со повеќедимензионални цели. За кратко време не само што ги проширивме нашите знаења и вештини, туку преку развиените работилници и активности, со нашите ментори и професори, остваривме одлично меѓусебно запознавање помеѓу нас преку размена на нашите најразновидни идеи и искуства, и иако не се знаевме порано, за кратко време се запознавме како да сме се познавале долго време. Четирите групи ученици, од четирите споменати училишта погоре, беа различни едни од други, како во однос на образовното ниво, односно по возраста на учениците, така и во однос на етничката, верската, јазичната и културната припадност. И ако различни, немавме проблем да се разбереме, но напротив без никаков проблем, многу брзо воспоставивме правила за комуникација, соработка и преку меѓусебно почитување презедовме конкретни задачи и активности, во корист на сите. Го започнавме проектот во помали групи, каде што со текот на времето, групите се спојуваа и на крајот се претворија во две големи групи, секоја со тема за работа поврзана со културното наследство. Првата група имаше задача да истражи и да ја разгледа темата „Еднаквост“, додека втората група ја имаше темата „Човечност“. Двете групи работеа на теми во кои луѓето во денешно време имаат многу проблеми и ние се обидовме да го решиме истото преку некои активности. Првата група, со задача „Еднаквост“ одлучија како краен производ на нивната активност, да направат 6 флаери, со различни дизајни и пораки поврзани со одредената тема, кои ќе ги дистрибуираме на места каде најмногу паѓа во очите на злоупотребата на човековата еднаквост, како во: автобусите и училиштата, соодветно на второ и трето одделение од основните училишта „Лазо Трповски“ и „Тефејуз“.Покрај овој производ, членовите на оваа група, исто така, одлучија да ги направат истите флаери во форма на постери, кои исто така ќе бидат поставени на јавни места. Втората група како тема на истражување, ја имаше темата „Човечност“, кој како краен производ креираше видео материјал, преку кој најдобро ја изработија и објаснија одредената тема. Тие се на мислење дека ова видео ќе ја постигне својата цел, соодветно, со поставувањето на социјалните мрежи како што е „youtube“, без разлика колку ќе привлече внимание, ќе ја подигне свеста за негување на изворните човечки вредности. Соодветно „Човечноста“, ќе го води човечкото суштество и општеството на нашето време! Работевме напорно за овие два проекти и се надеваме дека ова позитивно ќе влијае на луѓето не само во оваа земја, туку и на целиот свет, со оглед на вистинските човечки вредности и неговата благосостојба, во стабилно демократско општество! Ние повикуваме на соработка во областа на човештвото, без оглед на етничката припадност, религија, раса, култура … сите сме еднакви!