Во периодот 7 – 11 Мај се одржа првата мобилност од Еразмус + проектот IDEAS (
Координатор на проектот е Данска, нашето училиште како претставник од С. Македонија и училиште од Шпанија се партнери во проектот. Проектот е соработка само меѓу професори и се работеше на одредени цели за оваа мобилност.
Првата активност беше работилница на тема: Специфични тешкотии во учењето .
Како најприсутна тешкотија во учењето е дислексијата и посебен акцент беше на ставен во активноста.
Беше опфатена важноста за разбирање на оваа состојба на учениците како и свесност за истата.
Учесниците преку симулативни активности имаа можност да влезат во кожата на учениците и да ги искусат тешкотиите и предизвиците со кои учениците со дислексија секојдневно се соочуваат .После секоја активност следеше дискусија и споделување на стратегии и практични алатки за работа. Благодарност до м-р Катерина Николовска за одличната активност, и споделеното искуство.

Втората активност , работилница на тема – Мотивирање на талентирани ученици.
Работилницата ја водеше м-р Благица Вањиќ, директор на советувалиште – Гешталд Македонија.
Целта е да имаме стратегии за спречување на талентираните ученици да имаат пониски академски перформанси заради недостаток на интерес. Имавме можност да научиме и за неколку техники за зголемување на мотивацијата кај надарените ученици.

Трета активност -беше работилница со психологот на нашето училиште Ана Попризова, на тема Градење на доверба на релација професор- ученик. Освен презентацијата што може да подобриме и како да воспоставиме подобра комуникација имавме и активност со ученици од 3 година , кои направија дебата на оваа тема и директна комуникација до професорите од Данска и Шпанија.
Освен трите цели кои ни беа предвидени, се организираше и посета на Музејот на Мајка Терезе, Музејот на Холокаустот, посета на Кањонот Матка, Водно, како и разгледување на центарот на градот , Старата чаршија, со туристички водич и запознавање со нашата историја и култура. Гостите беа изненадени од убавините на нашиот град , и посакаа повторно да ја посетат нашата земја 🙂
Неколку слики за дел од работната атмосферата за време на работилниците.