Отворен ден

Почетна / Активности / Отворен ден

Кариерниот центар при СУГС Гимназија “ Орце Николов “ десет години по ред го организира настанот „Отворен ден на училиштето“. На тој ден учениците – волонтери и наставниот кадар во училиштето ги информираат заинтересираните осмоодделенци за работењето на училиштето, како и за програмските цели на образованието во билингвалните паралелки. Отворениот ден е можност идните ученици да остварат непосредна комуникација со наставниот кадар и педагошко-психолошката служба во училиштето и директно да се запознаат со различните активности, проектите и условите за работа во училиштето.

Отворен ден низ годините