Упис

Почетна / Настава / Упис

Врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година во Република Северна Македонија, објавен од Министерството за образование и наука, Училишната комисија на Средното училиште на Град Скопје Гимназија “Орце Николов” – Скопје за запишување на ученици во учебната 2024/2025 година, на ден  19.04.2024 година го објави следниот:

 

И Н Т Е Р Е Н   О Г Л А С

за запишување ученици во прва година за гимназиско образование за учебната 2024/2025 година

 

I. БРОЈ НА УЧЕНИЦИ И ПАРАЛЕЛКИ

Во прва година ќе се запишат вкупно: 9 паралелки со вкупно 285 ученици во гимназиско образование , од кои

  • во 4 паралелки со вкупно 136 ученици наставата ќе се изведува на македонски јазик и кирилско писмо
  • во 1 паралелка со 25 ученици со билингвална настава (одреден број предмети ќе се изведува на француски јазик)
  • во 3 паралелки со вкупно 90 ученици со билингвална настава (одреден број предмети ќе се изведува на англиски јазик)
  • во 1 паралелки со вкупно 34 ученици со билингвална настава (одреден број предмети ќе се изведува на англиски јазик)
  • При пријавувањето за гимназиско образование потребно е учениците уште при самиот упис да се определат согласно своите афинитети, за соодветното подрачје и комбинација (А или Б) што ќе ја изучуваат во текот на нивното образование
  1. Природно – математичко подрачје (комбинација А)
  2. Природно – математичко подрачје (комбинација Б)
  3. Опшествено – хуманистичко подрачје (комбинација А)
  4. Опшествено – хуманистичко подрачје (комбинација Б)
  5. Јазично – уметничко подрачје (комбинација А)
  6. Јазично – уметничко подрачје (комбинација Б)

 

II. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
  • да имаат завршено основно образование
  • да не се постари од 17 години
  • да се определиле за план и програма за гимназиско образование
  • да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој ИНТЕРЕН ОГЛАС
  • Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаење и вештини.

 

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

Пријавувањето и запишувањето на кандидатите се врши преку електронското пријавување, со електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.

Кандидатите кои аплицирале по електронски пат ја доставуваат следната документација во училиштето:

  • пријава за запишување (се презема од официјалната веб-страница на МОН испечатена и пополнета);
  • оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
  • дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
  • извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето – оригинален документ).
  • Кандидатите ги поднесуваат документите лично кај уписната комисија во училиштето. Во случај на оправдана спреченост на ученикот, документите ги поднесува родителот односно старателот на ученикот на денот на уписот.

Некомплетирани документи нема да се примаат.

 

 

П Р Е Г Л Е Д

на наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците

Реден број

ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ

-подрачје/комбинација-

Задолжителни наставни предмети Наставни предмети кои се од значење за подрачјето
1

Природно-математичко подрачје

(комбинација А)

-мајчин јазик

-странски јазик

-математика

-физика

2

Природно-математичко подрачје

(комбинација Б)

-мајчин јазик

-странски јазик

-математика

-биологија

3

Општествено-хуманистичко подрачје

(комбинација А)

-мајчин јазик

-странски јазик

-математика

-историја

4

Општествено-хуманистичко подрачје

(комбинација Б)

-мајчин јазик

-странски јазик

-математика

-историја

5

Јазично-уметничко подрачје

(комбинација А)

-мајчин јазик

-странски јазик

-математика

-историја

6

Јазично-уметничко подрачје

(комбинација Б)

-мајчин јазик

-странски јазик

-математика

-историја

 
IV. КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.

  1. ПРВОТО ПРИЈАВУВАЊЕ преку електронско аплицирање на учениците ќе се врши: на 20 јуни 2024 година до 25 јуни 2024 година до 15:00 часот.
    • Доставувањето на потребната документација во училиштето ќе биде на 20 јуни, 21 јуни и 24 јуни 2024 година од 07:00 до 17:00 часот и на 25 јуни 2024 година од 07:00 до 15:00 часот.
    • Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2024 година, најдоцна до 09:00 часот на огласната табла и на веб страна на училиштето
      • Доколку со примена на основните критериуми за избор, на ранг-листата се појават поголем број  ученици од планираниот  број со еднаков број на поени, ќе се организира квалификационо тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по наставните предмети: мајчин јазик и математика на 28 јуни 2024 година, а конечната ранг листа со резултатите ќе се објави на 28 јуни 2024 година на огласна табла на училиштето.
      • Доколку НЕМА квалификационо тестирање по наставните предмети мајчин јазик и математика и доколку во вкупниот број на примени ученици, за билингвалните паралелки аплицирале поголем број кандидати од планираниот број, ќе се организира квалификационо тестирање по предметот англиски јазик, односно француски јазик на 27 јуни 2024 година во 10 часот, а резултатите ќе се објават на 28 јуни 2024 година до 12 часот.
      • Доколку ИМА квалификационо тестирање по наставните предмети мајчин јазик и математика и доколку во вкупниот број на примени ученици, за билингвалните паралелки аплицирале поголем број кандидати од планираниот број, ќе се организира квалификационо тестирање по предметот англиски јазик, односно француски јазик на 01 јули 2024 година во 10 часот, а резултатите ќе се објават на 02 јули 2024 година до 12 часот.
  2. ВТОРОТО ПРИЈАВУВАЊЕ преку електронско аплицирање на учениците, доколку има слободни места, ќе се спроведе на 01 јули 2024 година и 02 јули 2024 година до 15:00 часот.
    • Доставувањето на потребната документација во училиштето ќе биде на 01 јули 2024 година од 07:00 до 17:00 часот и на 02 јули 2024 година од 07:00 до 15:00 часот.
      • Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 03 јули 2024 година, најдоцна до 09:00 часот на огласната табла и на веб страна на училиштето.
      • Доколку со примена на основните критериуми за избор, на ранг-листата се појават поголем број ученици од планираниот број со еднаков број на поени, ќе се организира квалификационо тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по наставните предмети: мајчин јазик и математика на 05 јули 2024 година, а конечната ранг листа со резултатите ќе се објави на 05 јули 2024 година на огласна табла и веб страна на училиштето.
      • Доколку НЕМА квалификационо тестирање по наставните предмети мајчин јазик и математика и доколку во вкупниот број на примени ученици, за билингвалните паралелки аплицирале поголем број кандидати од планираниот број, ќе се организира квалификационо тестирање по предметот англиски јазик, односно француски јазик на 04 јули 2024 година во 10 часот, а резултатите ќе се објават на 09 јули 2024 година до 12 часот.
      • Доколку ИМА квалификационо тестирање по наставните предмети мајчин јазик и математика и доколку во вкупниот број на примени ученици, за билингвалните паралелки аплицирале поголем број кандидати од планираниот број, ќе се организира квалификационо тестирање по предметот англиски јазик, односно француски јазик на 08 јули 2024 година во 10 часот, а резултатите ќе се објават на 09 јули 2024 година до 12 часот.

 

Втор уписен рок (август) 2024

3. Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок.

  • Пријавувањето на ученици ќе се врши на 21 август 2024 година од 00:00 часот до 15:00 часот.
  • Доставувањето на потребната документација ќе биде на 21 август 2024 година од 07:00 до 17:00 часот.
    • Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 22 август 2024 година, најдоцна до 12:00 часот на огласната табла и веб страна на училиштето.

Против одлуката за упис, учениците и нивните родители (старатели), во рок од 12 часа од истакнување на конечната ранг листа, можат да поднесат приговор до Училишната комисија.

Решението по приговорот е конечно.

По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа.

 

V. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИ
  • средниот успех на ученикот од VI-IX одделение,
  • средниот успех на ученикот постигнат по четири предметите: (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката – односно изборното подрачје,
  • дипломи од освоени (I, II и III) место од меѓународни и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерството за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни наука, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставните предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје,
  • средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение.

Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираните предвидени со овој конкурс, а кои ги исполнуваат предвидените услови, се организира квалификационо тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по наставните предмети: мајчин јазик и математика.

Тестирањето се однесува за сите ученици кои имаат ист број поени и се под и над последниот реден број предвиден за прием согласно конкурсот.

 

  1. За средниот успех од VI-IX одделение, ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо , осмо и деветто одделение се собира, се дели со четири и истиот број се множи со коефициентот 10).
  2. За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети: Двата наставни предмети задолжително за сите видови на образование и два предмети што се значајни за струката – подрачјето, ученикот може да добие најмногу 20 поени  (5 поени за секој предмет).
  3. За освоено место од меѓународни и републички натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од републицчки натпревари 3 поени за I место, 2 поени за II место, и 1 поен за III место. На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.
  4. За средна вредност од поените за поведение од VI-IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени : примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение со 3 поен и незадоволително поведение со 0 поени.
    Средната вредност е збир од поените за поведението од VI, VII, VIII и IX одделение, поделено со 4).
  5. Ученикот по сите критериуми утврдени во овој конкурс може да освои најмногу најмногу 80 поени.
  6. Минималниот број поени со кои кандидатите ќе можат да конкурираат за запишување во СУГС Гимназија “Орце Николов”- Скопје, е 60 поени за првото пријавување во првиот уписен рок.
  7. За учениците кои деветто одделение го завршиле во Република Северна Македонија, а едно, две или три одделенија (шесто, седмо или осмо) завршиле во странство,  за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за  избор на ученици дадени погоре, но со претходно нострифицирани свидетелства.

 

VI. ИЗБОР И ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
  1. Изборот и запишувањето на учениците се врши, врз основа на ранг листа изготвена според вкупниот број поени што се пресметуваат одделно за секој кандидат.
  2. Вкупниот број поени се утврдува според критериумите за избор на учениците.
  3. Во рамките на предвидениот број ученички места утврдени со овој оглас имаат право да се запишат и учениците кои ја повторувале годината и кои во определениот рок се пријавиле како повторувачи со право да го задржат статусот на редовен ученик.

 

НАПОМЕНА

  • Пријавувањето да се врши лично од ученикот или родителот (старателот).
  • Во пријавата да се назначи дали се запишува за билингвална настава.
  • Некомплетни документи нема да се примаат.

 

Претседател на училишна комисија
Митко Димовски


КОРИСНИ ЛИНКОВИ

Во случај да имате дополнителни прашања за уписот

Нашиот персонал со голема посветеност и задоволство ќе се потруди да ви одговори на вашите прашања.