Спортски активности
Почетна / Активности / Спортски активностиВистинското мото на спортските активности во училиштето е „Спортот и младите“. Повеќе од шеесет години, Гимназијата „Орце Николов“ е препознатлива по признанијата и наградите поради кои, во 2010 година го доби признанието „Оскар за најуспешен училиштен спортски клуб“. Години наназад училишните репезентации во кошарка, одбојка, ракомет и футсал (во машка и женска конкуренција ) ги освојуваат првите места на општинските, градските и државните натпревари.
Одговорни за успехот на учениците се професорите по предметот Спорт и спортски активности.