За нас
Почетна / За насТрадиција
Постоиме веќе повеќе од 65 години.
Иновативни
Примена на најнови техники за настава.
Професионален кадар
Професионален и иновативен кадар кој е секогаш тука за вас.
Отворени за нови идеи
Секогаш отворени и подготвени за нови идеи.
Нашата мисија
Ние сме училиште со традиција, отворено за нови идеи кои поттикнуваат индивидуалност и креативност, дисциплина и култура во која се почитуваат етничките разлики, повисоки интелектуални способности и образование кое ќе одговори на животните предизвици и во градењето на здрава и чиста животна околина.
години
професори
ученици
Нашата визија
Нашата визија е да создадеме институција на професионален кадар, препознатлива по своите критериуми и принципи, за постигнување висок квалитет, одговорност и почитување на етничките и останатите човечки вредности.
Општи цели
- стекнување знаења, вештини и способности
- развивање свест за критичко прифаќање на општествените и социјалните процеси и појави
- поттикнување критичко и креативно мислење
- рационална и творечка примена на иновации и нови идеи
- применети знаења
- слобода на мислење
- флексибилност и адаптибилност во креирање ставови
- воспитување на лична одговорност
- запознавање со личните права и обврски
- развивање свест за заштита на природата и човековата околина
- развивање на потребата за доживотно учење
- подготвеност за промени
Посебни цели
- подигнување на квалитетот на наставата
- развивање свест за професионално усовршување на наставниот кадар
- интеграција на ученикот во наставниот процес како творечки субјект
- активна соработка со родителите
- опремување на училиштето со современи наставни средства
- збогатување на библиотечниот фонд со стручна педагошко- психолошка литература
- подобри интерперсонални односи
- утврдување предлог- мерки и други начини за постигнување на редовноста на учениците во наставата
- подигнување на еколош ката свест кај сите структури во училиштето
- самоевалуација на работата на училиштето интегриран пристап во наставата
- подигање на свеста за справување со насилство
- подигање на свеста за иновации и претприемништво во воспитно-образовниот процес
- интензивирање на соработката со родителите (советување на родители)