Куќен ред
Почетна / За нас / Куќен редСо куќниот ред се регулира редот, дисциплината, односите меѓу учениците, наставниците и наставата во Училиштето;
Според Законот за средно образование и воспитание, како и Статутот на Училиштето, учениците имаат права кои ги остваруваат преку наставата и другите облици на воспитно-образовна работа, а истовремено имаат и обврски коишто треба да ги исполнуваат и почитуваат.
- Училиштето работи во две смени. Прва смена од 30 – 14.05, втората смена од 13.00 – 19.35.
- Учениците доаѓаат на настава најдоцна пет минути пред почетокот на наставата. Главниот влез се затвора во 7.35 часот односно во 13.05 часот.
- По завршување на наставата учениците ја напуштаат училишната зграда, освен во случај на воннаставни активности.
- Учениците не минуваат низ службениот влез на училиштето.
- Сите потреби од административен карактер учениците ги остваруваат исклучиво преку класните раководители (потврди, уверенија и сл.).
- Ученикот како субјект во воспитно-образовниот процес да има јасна слика за својата положба и улога во училиштето и да ги знае своите права и одговорности и да се прилагодува на новите барања.
- Учениците да ги почитуваат законските одредби и одлуките на органите во училиштето и пошироко.
- Секогаш да служи за пример со својот изглед и однесување и да формира културни и естетски навики, да внимава на својот морален лик.
- Да се почитуваат аргументите на другите и да не се даваат непристојни коментари.
- Секој ученик треба да биде ценет како личност без огледа на неговите способности, талент, пол, раса, култура, традиции, националност, вероисповест и социјална положба.
- Ученикот да има совесен, одговорен и хуман однос кон сите во училиштето.
- Да ја почитува личноста на своите соученици, наставници и родители и да ја цени меѓусебната зависност на индивидуи и групи.
- Ученикот кој од оправдани причини ќе задоцни на настава до пет минути, предметниот наставник е должен да го прими на часот, да евидентира во дневникот дека задоцнил, а кл.раководител да го регулира изостанувањето. Подолго изостанување од часовите нема да се толерира, односно на ученикот нема да му биде дозволено да влезе на часот.
- Учениците се должни задолжително да ја носат работната облека (униформа) за цело време на наставните часови и за време на одморите.
- Во случај кога наставникот од било која причина не е на часот подолго од 10 минути, потребно е дежурниот ученик да го извести раководителот на смена, заради регулирање на часот.
- Додека трае часот, забрането е излегување од часот и шетање низ ходници за да не се наруши текот на наставата.
- За време на наставата потребно е во училишната зграда да има работна дисциплина.
- Се забранува групно и индивидуално напуштање на часови. Поради истото на учениците ке им бидат изречени педагошки мерки. Заради групно или индивидуално напуштање на часови, на учениците им се изрекуваат педагошки мерки.