70 години - СУГС Гимназија „Орце Николов“ - Скопје

Се гордееме на изминатите 70 години од постоењето и работата на „Орце Николов“ така да се гордееме на годините што следуваат, на генерациите што доаѓаат. СУГС Гимназијата „Орце Николов“ низ овие 70 години нуди традиција на квалитетна настава, многубројни места освоени на натпреварите на државно и на меѓународно ниво, безброј успешни национални и меѓународни проекти, активности и др.

Стекнуваме знаења, вештини и способности.

Ние сме училиште со традиција, отворено за нови идеи кои поттикнуваат индивидуалност и креативност, дисциплина и култура, повисоки интелектуални способности и образование кое ќе одговори на животните предизвици.

последни Новости

Информација за почетокот на учебната 2026/27 година во СУГС Гимназија „Орце Николов“

Учебната 2026/27 година ќе започне на 01.09.2026 година (вторник) по следниот распоред: IV година во 7:30 часот; III година во 9:00 часот; II година во 10:30 часот; I година во 12:00 часот.   Од 02.09.2026 година: I и III година почнуваат со ПРВА смена (7.30) II...

read more

Ранг листа за упис во билингвални-англиски паралелки

Учениците од реден број 1 заклучно со реден број 90 ќе бидат распределени во билингвалните-англиски паралелки. Учениците од реден број 91 заклучно со број 100 ќе бидат распределени во обичните паралелки. Линк: Ранг листа за упис во билингвални-англиски...

read more

последни Проекти

Меѓународна размена на ученици во Љубљана, Р. Словенија (прва мобилност)

Меѓународна размена на ученици во Љубљана, Р. Словенија (прва мобилност)

Во периодот од 03.10. до 10.10.2024, 30 ученици од трета година од гимназијата "Пољане" од Љубљана, Р Словенија, ја остварија првата мобилност во рамки на проектот Меѓународна размена на ученици, која редовно се одвива последните неколку години. За време на 7 дневниот...

read more
Еразмус+ Белгија, 17.04.2024 – 24.04.2024, трета мобилност

Еразмус+ Белгија, 17.04.2024 – 24.04.2024, трета мобилност

Белгија, 17.04.2024-24.04.2024, трета мобилност и последна.  Крај на еден одличен, содржаен проект, со сложена тема, но во исто време и мотивирачка и конструктивна. Различни страни, различни гледишта, со една единствена цел, почит кон историјата и кон тие што се дел...

read more
Завршни активности за проектот „Young Voices of Europe”

Завршни активности за проектот „Young Voices of Europe”

Завршија активностите од Еразмус+ проектот „Young Voices of Europe” кои се одвиваа во периодот од 01.09.2022 до 31.08.2024. Целта на проектот е да се подигне нивото на еколошка свест кај учениците и наставниците преку едукативни активности. Проектот исто така има за...

read more

години

ученици

професори

успешни приказни

 

70 години спомени. 70 години спој на генерации. 70 години мисија на знаење, квалитет, автентичност, оригиналност. „Орце Николов” – гимназија на седумдесет генерации кои слават јубилеј. Празник на младоста, на радоста, на заедничките спомени.

Монографија

Монографија за нашето училиште, изработена по повод 70 години патронатот во PDF електронски формат. Преземете овде. Доколку сакате да ја преземете целосната верзија на Монографијата со повеќе информации, како и други активности и реализирани проекти. Преземете овде.

Патронат 60 години

Повеќе информации за патронатот 60 години, вклучувајќи ја малата и големата монографија и видео преносот од патронатот. Пристапи овде.