Завршни активности за проектот „Young Voices of Europe”
Почетна / ПроектиЗавршија активностите од Еразмус+ проектот „Young Voices of Europe” кои се одвиваа во периодот од 01.09.2022 до 31.08.2024.
Целта на проектот е да се подигне нивото на еколошка свест кај учениците и наставниците преку едукативни активности. Проектот исто така има за цел да ги поттикне учесниците да размислуваат за одржлив развој и заштита на животната средина. Преку различни активности, проектот промовира меѓусебна соработка и размена на знаења меѓу училиштата и заедницата.
Креативност и тимска работа беа клучни елементи за успехот на проектот. Наставниците и учениците се враќаат со нови идеи, инспирација и практични вештини кои ќе ги применат во нашето училиште и во идни проекти.
Како дел од проектот е подготвен прирачник со наслов „Одржлив свет во училницата 4.0.“ Овој ресурс им обезбедува на наставниците и учениците алатки за подобро разбирање и промоција на Целите за одржлив развој на Обединетите Нации (SDGs). Активностите во проектот го поттикнуваат разбирањето на младите за глобалните предизвици и нивната улога во решавањето на истите, истовремено се градат меѓународни врски и се поттикнуваат иновации и креативност.
Прирачникот е достапен во неколку примероци во училишната библиотека, а беше организирана промоција на книгата меѓу учениците и наставниците во училиштето. Наставниците можат да го користат при планирањето на часовите поврзани со еколошките теми.
Оваа меѓународна соработка ни покажа дека седумнаесетте цели за одржлив развој од AGENDATA 2030, не се само иднината, туку тие ни помагаат да изградиме подобро општество и подобар свет за сите!