60 Години

Почетна / За нас / 60 години

60-Години-Logo

Ми претставува особена чест што сум дел од еден ваков јубилеј, празник на Училиштето, на генерациите и на поединците кои денес се културни и научни амбасадори на Република Македонија. Денес се слави споменот на едно време. “Орце Николов” е автентичност, оригиналност, идентитет, историја!

Шеесет јубилејни години се зад нас, години од неговото успешно функционирање и непрекинато освојување на престижни награди и признанија. Да се биде дел од оваа Гимназија е вистинска привилегија, но да се биде Директор е голем предизвик и уште поголема одговорност. Искрено се радувам што гимназијата “Орце Николов” се развива како заедница на квалитетот, на креативноста, на слободниот ум и на новите идеи. Поради сето ова “Орце Николов” е траен белег на едно постоење, непрекината врска на генерациите, наша сегашност и иднина. И надеж дека засекогаш тоа и ќе остане!

 

Сунчица Поповска

поранешен директор на СУГС Гимназија “Орце Николов”

ОБЈАВЕНО НА 01.10.2015 ГОДИНА

 

60 години спомени. 60 години спој на генерации. 60 години мисија на знаење, квалитет, автентичност, оригиналност. „Орце Николов” – гимназија на шеесетите генерации кои слават јубилеј. Празник на младоста, на радоста, на заедничките спомени.

Кратка монографија

Кратка монографија за нашето училиште, изработена по повод 60 години патронатот од ИТ Секторот на Гимназијата. Симни овде.

Голема монографија

Голема монографија изработена по повод 60 години паторнат. Во оваа монографија се сместени сите матуранти од 1955 до 2015. Симни овде.

Систем за матуранти на Орце

Системм во кој можете да ги најдете сите матуранти што завршиле во гимназијата од далечната 1955-та година. Пристапи овде.