Упис
Почетна / Настава / УписВрз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година во Република Северна Македонија, објавен од Министерството за образование и наука, Училишната комисија на Средното училиште на Град Скопје Гимназија “Орце Николов” – Скопје за запишување на ученици во учебната 2026/2027 година , на ден 08.04.2026 година го објави следниот:
И Н Т Е Р Е Н О Г Л А С
за запишување ученици во прва година за гимназиско образование за учебната 2026/2027 година
I. БРОЈ НА УЧЕНИЦИ И ПАРАЛЕЛКИ
Во прва година ќе се запишат вкупно: 9 паралелки со вкупно 285 ученици во гимназиско образование , од кои
- во 5 паралелки со вкупно 170 ученицинаставата ќе се изведува на македонски јазик и кирилско писмо
- во 1 паралелка со 25 ученици со билингвална настава(одреден број предмети ќе се изведува на француски јазик)
- во 3 паралелки со вкупно 90 ученици со билингвална настава (одреден број предмети ќе се изведува на англиски јазик)
II. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
- да имаат завршено основно образование
- да не се постари од 17 години, а ученик со посебни образони потреби да не е постар од 25 години
- да се определиле за план и програма за гимназиско образование
- да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој ИНТЕРЕН ОГЛАС
- Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаење и вештини.
III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши преку електронското пријавување, со електронско аплицирање, преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за ученици преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk
Учениците кои аплицирале по електронски пат ја доставуваат следната документација во училиштето:
- пријава за запишување ( ја генерираат со печатење на електронската пријава преку системот за е-услуги);
- оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
- дипломи (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари и/или освоени (I, II и III) места на државен натпревар;
- извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето)
- проценка за попреченост од системот за проценка на лица со попреченост
- Учениците ги поднесуваат документите лично кај уписната комисија во училиштето. Во случај на оправдана спреченост на ученикот, документите ги поднесува родителот односно старателот на ученикот на денот на уписот.
Некомплетирани документи нема да се примаат.
П Р Е Г Л Е Д
на наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците
| Вид на образование | Задолжителни наставни предмети | Наставни предмети кои се од значење за подрачјето |
| ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ |
-мајчин јазик -англиски јазик |
-математика -историја |
IV. КОНКУРСНИ РОКОВИ
Јунски уписен рок
- ПРВОТО ПРИЈАВУВАЊЕ преку електронско аплицирање на учениците ќе се врши: од 00:00 часот на 12 јуни до 23:59 часот на 15 јуни 2026 година.
- Доставувањето на потребната документација во училиштето ќе биде на 16 јуни 2026 година од 08:00 часот до 19:00 часот и 17 јуни 2026 година од 08:00 часот до 15:00 часот.
- Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2026 година, најдоцна до 12:00 часот на огласната табла и веб страната на училиштето.
- Доколку со примена на основните критериуми за избор, на ранг-листата се појават поголем број ученици од планираниот број со еднаков број на поени, ќе се организира квалификационо тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по наставните предмети: мајчин јазик и математика на 22 јуни 2026 година, а конечната ранг листа со резултатите ќе се објави истиот ден на огласна табла на училиштето.
- Доколку НЕМА квалификационо тестирање по наставните предмети мајчин јазик и математика и доколку во вкупниот број на примени ученици, за билингвалните паралелки аплицирале поголем број ученици од планираниот број, ќе се организира квалификационо тестирање по предметот англиски јазик, односно француски јазик на 22 јуни 2026 година во 9 часот, а резултатите ќе се објават на 24 јуни 2026 година до 12 часот.
- Доколку ИМА квалификационо тестирање по наставните предмети мајчин јазик и математика и доколку во вкупниот број на примени ученици, за билингвалните паралелки аплицирале поголем број ученици од планираниот број, ќе се организира квалификационо тестирање по предметот англиски јазик, односно француски јазик на 24 јуни 2026 година во 9 часот, а резултатите ќе се објават на 26 јуни 2026 година до 12 часот.
- Доставувањето на потребната документација во училиштето ќе биде на 16 јуни 2026 година од 08:00 часот до 19:00 часот и 17 јуни 2026 година од 08:00 часот до 15:00 часот.
- ВТОРОТО ПРИЈАВУВАЊЕ преку електронско аплицирање на учениците, доколку има слободни места, ќе се спроведе на 23 јуни 2026 од 00:00 часот до 23:59 часот.
- Доставувањето на потребната документација во училиштето ќе биде на 24 јуни 2026 година од 08:00 до 15:00 часот.
- Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2026 година, најдоцна до 12:00 часот на огласната табла и веб страната на училиштето.
- Доколку со примена на основните критериуми за избор, на ранг-листата се појават поголем број ученици од планираниот број со еднаков број на поени, ќе се организира квалификационо тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по наставните предмети: мајчин јазик и математика на 29 јуни 2026 година, а конечната ранг листа со резултатите ќе се објави истиот ден на огласна табла на училиштето.
- Доколку НЕМА квалификационо тестирање по наставните предмети мајчин јазик и математика и доколку во вкупниот број на примени ученици, за билингвалните паралелки аплицирале поголем број ученици од планираниот број, ќе се организира квалификационо тестирање по предметот англиски јазик, односно француски јазик на 29 јуни 2026 година во 9 часот, а резултатите ќе се објават на 30 јуни 2026 година до 12 часот на огласната табла и веб страната на училиштето.
- Доколку ИМА квалификационо тестирање по наставните предмети мајчин јазик и математика и доколку во вкупниот број на примени ученици, за билингвалните паралелки аплицирале поголем број ученици од планираниот број, ќе се организира квалификационо тестирање по предметот англиски јазик, односно француски јазик на 01 јули 2026 година во 9 часот, а резултатите ќе се објават на 02 јули 2026 година до 12 часот на огласнатата табла и веб страната на училиштето.
Августовски уписен рок
- Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот уписниот рок со две пријавувања.
- Пријавувањето на ученици ќе се врши на 20 август 2026 година од 00.00 часот до 15:00 часот со електронско аплицирање.
- Доставувањето на потребната документација ќе биде на 21 август 2026 година од 08:00 часот до 14:00 часот.
- Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават истиот ден, најдоцна до 19:00 часот на огласната табла и веб страната на училиштето.
Против одлуката за упис, кандидатите и нивните родители (старатели), во рок од 4 часа од истакнување на конечната ранг листа, можат да поднесат приговор до Училишната комисија.
Решението по приговорот е конечно.
По објавување на конечната ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа.
V. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИ
- средниот успех на ученикот од VI-IX одделение,
- средниот успех на ученикот постигнат по четири предмети: (мајчин јазик, англиски јазик и два предмети што се од значење за секторот (математика и историја за гимназиско образование),
- дипломи за освоено I, II или III место од меѓународен натпревар, како и освоено I, II или III место на државен натпревар, организиран од акредитирани здруженија на наставници за реализација на натпревари во основно образование од Министерството за образование и наука
- средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение.
Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираните предвидени со овој конкурс, а кои ги исполнуваат предвидените услови, се организира квалификационо тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по наставните предмети: мајчин јазик и математика.
Тестирањето се однесува за сите ученици кои имаат ист број поени и се под и над последниот реден број предвиден за прием согласно конкурсот.
- За средниот успех од VI-IX одделение, ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо , осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициентот 10).
- За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети: Двата наставни предмети задолжително за сите видови на образование и два предмети што се значајни за секторот, ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).
- За освоено прво, второ или трето место на државен натпревар организиран од акредитирано здружение на наставници за реализација на натпревари во основно образование од страна на Министерството за образование и наука, ученикот може да добие 3 поени.- За освоено прво, второ или трето место, односно златен, сребрен или бронзен медал на меѓународен натпревар – ученикот може да добие 3, 2 или 1 поени соодветно.
- За средна вредност од поените за поведение од VI-IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени : примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение со 3 поени и незадоволително поведение со 0 поени.
Средната вредност е збир од поените за поведението од VI, VII, VIII и IX одделение, поделено со 4). - Ученикот по сите критериуми утврдени во овој конкурс може да освои најмногу најмногу 80 поени.
- Минималниот број поени со кои учениците ќе можат да конкурираат за запишување во СУГС Гимназија “Орце Николов”- Скопје, е 60 поени за првото пријавување во првиот уписен рок.
- За учениците кои деветто одделение го завршиле во Република Северна Македонија, а едно, две или три одделенија (шесто, седмо или осмо) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре, но со претходно нострифицирани свидетелства.
VI. ИЗБОР И ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
- Изборот и запишувањето на учениците се врши, врз основа на ранг листа изготвена според вкупниот број поени што се пресметуваат одделно за секој ученик.
- Вкупниот број поени се утврдува според критериумите за избор на учениците.
- Во рамките на предвидениот број ученички места утврдени со овој оглас имаат право да се запишат и учениците кои ја повторувале годината и кои во определениот рок се пријавиле како повторувачи со право да го задржат статусот на редовен ученик.
НАПОМЕНА
- Пријавувањето да се врши лично од ученикот или родителот (старателот).
- Во пријавата да се назначи дали се запишува за билингвална настава.
- Некомплетни документи нема да се примаат.
Претседател на училишна комисија
Билјана Раичевиќ Велковска