Здравјето претставува првиот услов за исполнување на соништата на било кој човек. Но, како да се биде доволно здрав кога средината не е доволно хигиенска? Поради оваа причина, решивме да ги подобриме условите во Институтот за Белодробни заболувања кај Децата – Козле, каде секојдневно се спасуваат многу животи.

Со таа цел, на 22 и 24 Март, се собираа парични средтсва, а ,,Орцашите” се покажаа како многу хумани. Подоцна, во салата на нашето училиште, се одржа одбојкарски турнир, преку кој се собраа дополнителни средства. Во текот на целата акција, бевме поддржани од страна на Црвен Крст-Карпош, преку проектот ЦКА-ПХВ. Патем,  со паричните средства беа купени чаршафи.

Овој проект го отстварија: Нина Данстак, Сара Канг, Борјана Велковска и Ивана Балоска, со голема помош на Ема Георгиева и Јована Чалоска.

 humanitarna-akcija-balovska-1

humanitarna-akcija-balovska-2

humanitarna-akcija-balovska-3