И оваа година како и претходните Кариерниот Центар на СУГС Гимназијата „Орце Николов“ во просториите на гимназијата, организира ОТВОРЕН ДЕН, на 12.05.2018год. (сабота) со почеток во 10:00 часот и крај во 13:00 часот.
Поминете ги вашите 4 незаборавни средношколски години стекнувајќи се со квалитетни знаења и вистински пријателства.
 
Бидете дел од англиската или француската билингвална паралелка, волонтер во ИТ Секторот на гимназијата, волонтер во центарот за кариерно образование, член на врнивот хор, драмската секција или пак истакнете се како успешен спортист.
 
Можности, Успеси, Напредок, Квалитет, Знаење, Креативност, Дружење