Почнувајќи од оваа учебната 2019-20 година, учениците на возраст од 15 – 16.5 години (кои до 1 септември имаат навршено 15 години) можат да аплицираат за бесплатни НМС стипендии. Креативните, комуникативни и одлични ученици ќе имаат можност трета и четврта година да ги завршат во најпрестижните boarding schools ширум цела Велика Британија. Добротворната рганизацијата HMC Projects, со седиште во Лондон, доделува два типа НМС стипендии: полна (100% бесплатна) и редуцирана стипендија (70 – 80% покриени трошоци за двете години).

Како да добиеш стипендија информирај се на веб страницата: www.edu-link.mk

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА!!!

Во среда (16.10.2019) во училиштето од 12:00 до 14:00 часот во читалната ќе има презентација  од членовите на комисијата на  HMC Projects, Англија, каде што вашите прашања ќе бидат одговорени.