Организиран од страна на УНИЦЕФ, во партнерство со Фондација Телеком за Македонија,  оваа година локалниот Generation Unlimited – Младински предизвик има за цел да ги инспирира младите на возраст од 14 до 24 години да бидат ко-креатори на иновативни дигитални решенија што ќе одговорат на прашањето:

Како може дигиталната технологија да придонесе за поактивно вклучување на децата и младите со попреченост во образованието и секојдневниот живот?

Во тим од 3 до 5 члена, аплицирајте за можноста да бидете еден од десетте тимови – учесници во предизвикот на genunlimited.mk до 22 ноември 2019!

Дополнително, на 24 и 25 октомври 2019 ќе се одржат отворени Инфо-денови, во просториите на Фондацијата Телеком за Македонија од 17:30 до 21:00 часот кадешто ќе можете да ги поставите вашите прашања во врска со темата на предизвикот, начинот на аплицирање, текот и временската рамка на предизвикот, како и сите останати информации околу иницијативата.

Ова е уникатна шанса којашто ја ослободува креативноста и идеите на младите луѓе низ светот. Предизвикот е инклузивен дизајнерски процес кој ги повикува и охрабрува младите активно да се вклучат како „решавачи” и да дизајнираат решенија што ќе одговорат на модерните потреби за подеднакво, самоуверено и самостојно учество на децата и младите со попреченост во секојдневните активности и образовниот процес.

Останете информирани и следете го официјалниот Facebook настан на: https://www.facebook.com/events/562820347794865/.