СУГС Гимназија “Орце Николов”, како редовен апликант и учесник во Европската програма Ерасмус + , во рамките на истата, спроведе обука во период од 13 -17.05.2019 и 15-22.11.2019, во Барселона, Шпанија, со наслов “ ИНОВАТИВНИ ПРИСТАПИ КОН НАСТАВАТА”. Учесници во програмата беа предметните натставници: Елизабета Софрониевска, Весна Стафановска, Славица Мартиновска, Драгица Јанкуловска, Татјана Гацова, Сања Шанковска, Надица Арангеловиќ, Елена Ристеска.
Целта на проектот беше зајакнување на капацитетите и развивање на вештините за употреба на ИКТ во наставата, како и подобрување на квалитетот и ефикасноста на образовниот процес во секоја училница. Беа опфатени и повеќе тематски и интердисциплинарни содржини, остварени преку девет модули:
- Вештини на 21от век;
- Наставни техники во мултикултурни средини;
- Дигитални вештини;
- Портфолио задачи;
- Како со Игра до знаење;
- Дали е Проект или е Учење преку Проект?;
- Алатки за формативно оценување;
- Како учениците да учат;
- Формативно наспроти сумативно оценување: рубрики, списоци, врсници и самооценување.
За време на 5- дневниот престој во Барселона, Шпанија, учесниците (од различни земји: Италија, Романија, Португалија, Србија, Македонија и други) посетуваа редовна обука во училиштето, составена од групни активности, вежби, дизајнирање на свои задачи, решавање на истите и доаѓање до заклучоци преку соработка и рефлексија, односно презентација, дискусија и слично, со практична примена на споделеното – “Learning by doing” (целта, да се прифати моделот на работа: учителот насочува, ученикот е тој кој истражува и учи за да научи, развивајќи критичко размислување, формирајќи свој став и заклучоци, наместо застарениот модел на класично предавање).
Во рамките на првиот ден од обуката, покрај воведниот дел и запознавањето, беше организирана и посета на историски и културни знаменитости и атракции на градот, кои учесниците можеа повторно да ги посетат за време на престојот.
На крајот, по успешно завршената обука и насмеаните лица на сите учесници, секој од нив се здоби со Сертификат за завршен курс.