Во периодот од 01.09.2020 до 31.08.2022 во СУГСГ „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ се работи на проект од програмата Еразмус+ со назив „Од Ковид 19 до агендата 2030, да не оставиме никој да заостане“ / Du COVID-19 à l’AGENDA 2030: NE LAISSER PERSONNE DE CÔTÉ “ во партнерство со 4 училишта од: Италија, Романија, Франција и Шпанија-координатор на проектот.

Цели на проектот се:

– Да се познава контекстот и содржината на целите за одржлив развој (SDGSustainable Development Goals)

– Информирање за феноменот Ковид-19

Развивање на свест за припадност кон исто општество и светот во кој живееме

– Развој на граѓанска и демократска свест

– Промовирање на критички дух кон одреден начин на живот пред и по пандемијата

– Споделување на искуствата со ученици и наставници од други европски земји.

Заканата од Ковид19 влијаеше на целото човештво. Несаканите ефекти на пандемијата врз здравјето на луѓето и благосостојбата може да доведе до зголемување на нееднаквоста и до занемарување на целите на одржливиот развој. Економските, социјалните и еколошките прашања бараат напор и координација на институциите да се стремат за хуманитарен и колективен одговор. Но, оваа задача ја вклучува и секоја индивидуа која во својата улога како активен и одговорен граѓанин, мора да се запраша „Што можам да направам?“ и да придонесеме кон заедничката цел: НИКОЈ ДА НЕ ЗАОСТАНЕ!

Крајните производи ќе бидат креирање на лого, постери, презентации, видеа и документарни филмови со користење на дигитални алатки.

Веб страна на проектот:  https://nelaisserpersonned.wixsite.com/misitio/covid-19

Координатор на проектот

Сузана Стојчевска, професор