Животниот  циклус на еден  мобилен телефон: од производство до рециклирање (A lifecycle of mobile phoneс  : from producing to recycling)  е името на e -Twinning   проектот  на кој работеа наши ученици од прва година под  менторство на професорите Билјана Јованчева, Љупка Боцевска и Радица Милковска.

Проектот  се работеше 4 месеци во периодот февруари – јуни 2021 година, и  во него беа вклучени 31 професор и 145 ученици од десетина училишта од 5 различни земји.

Целта на овој проект беше да се подигне свеста кај младите за неопходноста од рециклирање електронски отпад, особено мобилните телефони коишто повеќе не се користат. Низ процесите на истражување и изработка на зададените проблемски задачи, учениците научија за начинот на производство на мобилните телефони, составот на еден мобилен телефон, неговиот животен век и негово правилно рециклирање или реупотреба. Исто така се запознаа и со начинот на креирање различни мобилни апликации и нивна примена во секојдневниот живот.

Она што конкретно го научија учениците од овој проект е:

  • Материјалите коишто влегуваат во составот на еден мобилен телефон;
  • Начинот на производство на мобилните телефони;
  • Позитивните и негативните ефекти од користење на мобилните телефони;
  • Штетните ефекти на мобилните телефони врз животната средина;
  • Штетните ефекти на мобилните телефони врз здравјето на луѓето;
  • Начини на рециклирање електронски отпад;
  • Начини како да се продолжи животниот век на мобилниот телефон со цел да се сочува животната средина од прекумерното користење нови уреди кои во моментот не се неопходни, но се модерни;
  • Подигнување на свеста за потребата од рециклирање и правилно сортирање на електронскиот отпад;
  • Користење дигитални алатки за изработка на лого, постер, презентации и сл.

Учениците коишто беа вклучени во овој проект се: Ана Марија Насковска, Лора Милошеска, Анастасија Ушинова, Стефанија Јаневска, Александар Хаџи-Андов, Дариа Солева, Филип Манчев, Миа Чичкариќ, Никола Ќупев, Михаела Угриноска. Во продолжение се дел од нивните изработки за лого и постер за проектот.