Десет ученици од прва година ,  под менторство на професорите Билјана Јованчева и Гордана Накоска ,   учествуваа во реализацијата на e-Twinning  проектот „Силата на природа и човечкото тело“ (Forces of nature and the human body).

Проектот  траеше во периодот  од  февруари-јуни.2021  и во него беа вклучени 8 различни училишта , 20 професори и 108 ученици.

Најнапред  ученците избираа една од трите понудени физички дисциплини –активности кои беа  реализирани  на кејот на Вардар.Потоа тие самостојно, секој за својата вежба, со внесени свои вредности за масата и постигнатите резултати пресметуваа зададени физички величини и одговараа на прашања од областа на физиката изучувана во прва година: брзина, забрзување, сложување на сили, кинетичка енергија ,  потенцијална енергија сторнирана во телото со секој направен чекор, за рамнотежа на телото,… Од  областа на хемијата со сложување на сложувалка сoздадена од повеќе делови,  откриваа хемиски формули, а преку решавање на крстозбор откриваа термини од човековото тело и процеси што се одвиваат во него. 

Како завршна активност, секое училиште требаше да изработи есеј на одредена тема .Темата на нашето училиште беше:  „Добро избалансирана храна, услов за  здрав живот“. Беа одржани неколку онлајн средби на сите учесници, каде што се споделуваваа искуства од активностите.

Со овој проект  сакаме да укажеме на важноста од разбирање на законите на природата и хемиските процеси што се случуваат во човечкото тело за време на физичката активност. Исто така сакаме да укажеме на важноста на мултидисциплинарен пристап кон проблем во процесот на учење.

Целта на проектот  

-Разбирање на законите на физиката и биохемиските процеси во човечкото тело.

– Поврзување и примена на знаење од различни училишни предмети.

– Подигање на свеста за здравата исхрана и важноста на редовната физичка активност и нивното влијание врз општата благосостојба на учениците.

https://youtu.be/ouq8c0sxSvs