Во   периодот март – јуни.2021 година Гимназијата “Орце Николов”  зема учество во  проектот   “Чувам  семе за иднината” .Во него  беа вклучени  3 земји(  С.Македонија ,Турција , Италија) 7 професори и 42 ученици од 2 година.

Во проектот учениците  ги следеа и набљудуваа семињата,кои тие лично ги посадија,нивното ртење,никнување и растење . Целта на проектот е учениците да разберат дека семките  во овошјата  што ги јадеме  не треба да се фрлаат, туку истите можат да бидат засадени во природата и на тој начин да  допринесат за позелена околина .

  Нашите ученици повторно ни докажаа дека со напорна работа и труд можеме заеднички да придонесеме кон почиста и поздрава околина. 

Учениците кои земаа учество во проектот се : Ана Јордановска ,Калина Марковска Георгина Серафимовска, Нора Таскова, Јана Христовска и  Миа Чичкариќ. Гимназија “Орце Николов “уште еднаш се покажа во најдобро светло.

 

Линк до видеото направено од нашите ученици: https://www.youtube.com/watch?v=32fWIsD2ytA