Mеѓу многубројните успешни проекти на СУГС Гимназија ,,Орце Николов”- Скопје, се вбројува и меѓународната размена со Гимназија “Пољане’’ од Љубљана, Р. Словенија, под менторство и координација на проф. по македонски јазик и литература, Драгица Јанкуловска, кој трае веќе две години, со тенденција да продолжи и понатаму. Проектот, заради Ковид-пандемијата, една година се реализираше онлајн, за конечно, овој месец декември, да се оствари и посета на гимназијата во главниот град на Р. Словенија, Љубљана.

Размената има образовно – рекреативен карактер, а целта е запознавање со различната култура и образовниот систем. По еднонеделниот престој на учениците во домовите на фамилиите – домаќини и посетата на часови и работилници во тамошната гимназија, учениците успеаја да засведочат различен стил на живот, препознавајќи сличности и со нашиот, а оттаму се вратија со безброј искуства и приказни за раскажување. Најважно од сѐ е тоа што токму овие ученици се први од нашата гимназија кои имаа можност да прифатат ваков предизвик и според нив ова е само почеток на многу други, вакви, меѓународни проекти. Од тимот, кој беше вклучен во оваа размена, ни изјавија едногласно дека секој поединец вреди да биде дел од ваков еден проект и дека со нетрпение го очекуваат месец март, кога улогите ќе се заменат и токму тие ќе бидат домаќини. Па оттука, ве оставаме само да уживате во моменти, фатени од камерите на учениците – учесници и секако, видео записот, што беше дел од активностите на проектот.

Линк до видеото: https://youtu.be/EPu18KqbZgY