СУГС Гимназија ,,Орце Николов” продолжува да ги поттикнува учениците на различни предизвици и покрај учењето од учебници, тетратки и листови. Секој ученик ја има можноста да биде дел од разни проекти, да стекне нови знаења за сопствената култура, за културата на останатите учесници во проектот, да се здобие со нови знаења за темата на проектот и еден куп нови вештини, познанства и пријателства. Во тој контекст, на крајот од месец април се реализира првиот дел од Еразмус+ проектот на тема ,,Building peace by watching history through several eyes”, во соработка со училиштата ,,Atheneum Lier – Campus Arthur Vanderpoorten” и ,,2IIS A-Ruiz ” од партнер земјите Белгија и Сицилија.
16 ученици, под менторство на професорката Драгица Јанкуловска и во координација со проф. Јасмина Ивковска, ја имаа можноста да научат нешто повеќе за Првата светска војна како во Македонија, Белгија и Италија, така и во целиот свет, со што се оствари првата мобилност од проектот, а нашето училиште се претстави како одличен домаќин! Следат уште две мобилности, едната во Сицилија и крајната во Белгија. Импресиите од учесниците се беспрекорни, а во продолжение и дел од моментите со кои, барем малку, ви ја споделуваме атмносферата, работата и посветеноста на учениците, како и неверојатната дружба. Недела која ќе се памети!