4. Орцашка вечер на поезијата “Моите мисли се стих”
Со емоции до врв, ја спуштаме завесата на 4. Орцашка вечер на поезијата насловена ,,Моите мисли се стих” – животните циклуси – поетски времеплов на постоењето меѓу минатото и сегашноста!
Комплиментите и суперлативите ги насочуваме до сите учесници кои оставија дел од својата душа низ прочитаните стихови, а особено до оние кои блеснаа со своја авторска поезија!
Вечерта доби уште посилен сјај со учеството на гостите-поети: Ѓоко Здравески, Владимир Мартиноски, Јулијана Величковска, Бјанка Станковиќ, Софија Добревска и Јована Стаматовска.
Енергијата на овој настан ја носеше нашиот организациски тим, под раководство на професорката Драгица Јанкуловска, нашата менторка, инспирација и столб, без чија поддршка оваа магија немаше да се случи, и заради која поезијата е љубов.
Благодариме и на Laboratorium, чиј простор идеално се вклопи во духот на вечерта.
Огромна благодарност до сите вас, драги пријатели и љубители на пишаниот збор, што бевте дел од ова поетско патување! Ова е само почеток – следната година нè чека јубилејната 5та ОВП со нови предизвици и непресушна страст кон поезијата!
Уживајте во фотографиите и осетете ја магијата на вечерта!