Како дел од нашата заложба за интеркултурна соработка и унапредување на образовниот процес, четврта година по ред го реализиравме проектот Меѓународната размена со Гимназија “Пољане” од Љубљана, Р Словенија, во кој беа вклучени ученици од втора година од нашата гимназија. Во рамки на проектот, учениците и професорите од двете училишта учествуваа во заеднички активности, работилници и културна програма. Проектот има за цел да ги поттикне јазичните и социјалните вештини кај учениците, овозможува размена на образовни искуства, градење на животни пријателства, како и да придонесе за зајакнување на соработката помеѓу двете образовни институции. Проектот го збогатува образовното искуство и придонесува за проширување на видиците на младите луѓе, во духот на европската соработка и разбирање.

Со задоволство најавуваме дека проектот продолжува и следната учебна година, со нова серија на заеднички активности.

Во продолжение краткиот филм и неколку фотографии.