По повод 70-годишниот јубилеј на училиштето, нашата идеја „СТЕМон – панел дискусија“ ги обедини STEM студентите и учениците со заедничка цел – соработка и размена на искуства за идни STEM предизвици .Горди сме на основачите на СТЕМон и благодарни на учениците што не поканија да го обновиме клубот кој денес брои околу 100 членови.
Со поддршка од посветените професори и менторирање на младите таленти како и отвореноста кон иновации, СУГСГ „Орце Николов“ се издигнува меѓу најдобрите во STEM образованието – место што инспирира, мотивира и гради идни генерации технолошки лидери и иноватори подготвени за предизвиците во светот на науката и технологијата. Продолжуваме уште поуспешно во истата насока зошто СТЕМ не е само правец – тоа е глобалната иднина што ја создаваме заедно!