Проектот CybHER е финансиран од Владата на Велика Британија, имплементиран од Британскиот совет и ги оспособува девојките и жените во сајбер безбедноста низ целиот Западен Балкан.
Нашето училиште беше едно од девет училишта од целата држава, во кои се формираа клубови за сајбер безбедност, составени од 15 ученички.
Активностите вклучуваа 5 работилници со наставници по информатика, 3 работилници со кариерен советник, тридневен камп во Охрид каде се обединија сите 10 клубови од деветте училишта и посета на нашиот клуб од страна на амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон.
Работилниците беа реализирани во периодот ноември – декември 2025 година, во рамки на училиштата. Беа разработени теми како сајбер закани, сајбер безбедност и кариера во областа на сајбер безбедност.
Целта на кампот одржан во Охрид од 13 до 15 февруари 2026 година, беше да ги обедини клубовите од сите девет училишта да ги споделат искуствата од одржаните работилници и да стекнат нови познанства со врснички кои имаат слични интереси.
Посетата на нашиот клуб од страна на амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон беше реализирана на 04.03.2026 година. Наши гости беа и ученичките од клубот на СУГС „Зеф Љуш Марку“ – Скопје заедно со нивната наставничка по информатика Пранвера Џафери.
На средбата ученичките ги споделија искуствата од активностите, своите видувања пред и по завршување на работилниците и кампот и размислувања за својата идна професија.
Одговорни наставници:
Викторија Доказа
Татјана Гацова
Кристина Ристовска
Објава на министерството за образование и наука