Посета на Агуилас, Трета мобилност во Шпанија, дел од Еразмус + проект Да ги размениме нашите култури со помош на веб 2 алатки
август 21, 2023Успешно реализирана мобилност во рамките на проектот Let’s exchange our cultures by Web2Tool чиј координатор е професорот Билјана Јованчева.Можноста да се запознае културата на една подалечна земја е скапоцена. Во рамките на Еразмус+ проекто т Let’s exchange our cultures by Web2Tools во периодот 25-30 Септември 2022 год. успешно се реализираше уште една мобилност, овој пат во прекрасната Шпанија. Главна цел на проектот беше размена на културите меѓу земјите учеснички: Македонија, Србија, Италија, Турција и Шпанија.
Предводени од професорите Љупка Боцевска и Гордана Накоска, престојувавме во градот Агуилас на областа Мурсија. Во склоп на активностите нашиот тим одржа презентација за креирање на Europass документ. Изработувавме сложувалки со веб алатката I’m a puzle, видео игри со помопш на Scratch и електронска книга исполнета со слики кои претходно ги селектиравме користејќи ја алатката Padlet. Беше организирана и посета на градовите Лорка и Картагена. Гп откривме историското значење на нивните замоци и научивме интересни факти во музејот на амфитеатарот на Картагена. Во Агуилас ја посетивме старата и значајна железничка станица и направивме прошетка низ нејзините тунели. Имавме чест да бидеме гости во домовите на домаќините на проектот и да вкусиме некои од традиционалната шпанска кујна. Последнипт ден во Домот на културата – Агуилас на сите учесници на проеткот церемонијално им беа доделени сертификатите за учество. Деновите поминати во Шпанија беа исполнети со многу дружење и незаборавни мигови. На сликите кои следуваат можете да погледнете каква беше атмосферата.