Нашето училиште координатор на Еразмус+ проект КА 229 МК01-077770. Посета на Србија, последната активност од двегодишниот проект
август 21, 2023Еразмус + проектот Да ги размениме нашите култури со помош на веб 2 алатки е првиот во низата проекти од овој вид, кои започнаа 10-тина години наназад, но ова е прв проект чиј носител е нашето училиште. Координатор на целиот проектот е професорката Билјана Јованчева.
Во периодот од 13 до 17 Март група од пет ученици заедно со одоговорните професори Љупка Боцевска и Билјана Јованчева беа дел од последната мобилност во состав на проектот “Let’s Exchange Our Cultures By Web2 Tools” која се одржа во Белград, Србија. Учениците од Шпанија, Италија, Турција, Србија и Северна Македонија беа дел од многу работилници со крајна цел размена на културите меѓу учесниците.
Најпрво секоја група си ја претстави својата држава и училиштето од кое доаѓа, преку ова учениците научија некои интересни историски факти за останатите држави. Понатаму во мешани групи учениците изработуваа презентација со некои секојдневни фрази користејки Web2 Tools, преку оваа работилница учесниците научија фрази на четири нови јазици. Како трета активност секоја држава изработи постер со знаменитости од својата држава и им го подари на останатите држави во знак на пријателство. Последната активност повторно се одвиваше во мешани групи и секоја група имаше за задача да украси змеј со позитивни пораки, кој потоа учениците го летаа како надворешна активност.
Покрај успешните работилници имавме и можност да се се прошетаме низ Белград, главниот град на Србија. Започнавме со посета на Калемегдан каде што научивме многу за историската тврдина. Го посетивме Етнографскиот музеј и се запознавме со традицијата и културата на Србија. По посетата на музејот отидовме во најголемиот православен храм на балканот, Свети Сава. Последна дестинација како дел од агендата беше Ада Циганлија, островот на реката Сава, каде што учениците играа традиционални игри.
Деновите во Белград беа исполнети со многу дружба и незаборавни моменти.