Гласот на младите – 3та ЛТТА
Почетна / ПроектиОд 14-21 октомври годинава претставници на гимназијата Орце Николов беа во посета на училиштето Agrupamento de Escolas Pinheiro e Rosa , Фаро, Португалија. Целта на ова патување беше учество во активностите на проектот Erasmus+ :Young Voices of Europe (проект бр. 2022- 1-RO01-KA220-SCH-000085126).
На мобилноста присуствуваа и претставници од другите земји – партнери, Турција, Романија, Литванија, Италија и Шпанија. Целта на проектот Young Voices of Europe е да им обезбеди на студентите знаење за целите за одржлив развој (SDG од Агендата 2030).
На оваа средба беа анализирани следните цели за одржлив развој:
- SDG3 – Добро здравје и благосостојба (Обезбедување здрав живот и промовирање благосостојба на сите возрасни групи);
- SDG7 – Пристапна и чиста енергија;
- SDG11- Одржливи градови и заедници (Целта е стремеж за инклузија, безбедност, отпорност и сплотеност на градовите и жителите во различни области, и затоа е од суштинско значење да се обезбедат можност за соодветни и безбедни одржливи градови)
- SDG13 – Климатска акција . (Суштината на оваа цел е да се преземе итни активности за борба против климатските промени, да се спречат екстремни климатски промени.)
- SDG17 – Партнерства за целите. (Целта е да се обезбеди соработка на различни сектори и земји за остварување на сите цели за одржлив развој. Партнерствата помагаат да постигнеме повеќе затоа што заедно сме посилни и можеме да создадеме повеќе.)
Нашата гимназија ја претставуваа учениците Арзу Исмаили, Ема Богдановска, Симона Голев, Михаела Тројачанец, Андреј Бановски и Бојан Ефтимоски.
За време на посетата, учениците работеа во меѓународни тимови, ги подобруваа своите комуникациски вештини, ги прошируваа своите вештини за англиски јазик, се запознаа со други култури, и го продлабочија своето знаење од историјата на земјата домаќин.
Учениците беа сместени во семејства и се запознаа со нивниот животен стил, а во слободното време тие имаа можност да посетат историски локалитети на Фаро, Тавира и Лисабон, да се запознаат со историјата, обичаите и традициите.
Патувањето во Португалија, како и сите други проектни активности, е финансирано од програмата Еразмус+ на Европската Унија.
Координатор на проектот:
- Билјана Јованчева.
- Професор – Кристина Ристовска