Кариерно советување
Почетна / Проекти / Кариерно советувањеВо училиштето се спроведува кариерно советување од страна на Павлина Пецанова Шетрјоски, професор по бизнис и претприемништво и Ана Попризова, училишниот психолог, кои поминаа обука за кариерни советувачи, организирана од МОН, а реализирана од ЈЕС програмата на УСАИД.
Кариерното советување е наменето за учениците од завршните години од средно образование и има за цел преку употреба на различни техники да му помогне на ученикот да ги спознае сопствените капацитети, вештини и интереси, со цел да направи вистински избор во однос на својот професионален развој.