Erasmus+ проект SHARKS – четврта мобилност во Италија

Почетна / Проекти

На 18-ти септември, недела, 5 ученици од гимназијата Орце Николов заедно со одговорните професори Билјана Јованчева и Кристина Ристовска пристигнаа на аеродромот во Рим, каде ја одржаа четвртата мобилност на Еразмус+ проектот.

Полни со ентузијазам и радост, учениците заминаа со нивните семејства домаќини да се одморат од долгиот пат, за потоа следниот ден а воедно и проектот да го започнат со полна енергија.

Домаќините  несомнено своето добредојде го покажаа со топли насмевки и позитивна енергија. Започнувајќи најпрво со презентација за зголемување на свеста за загаденоста на водата,и изведување на неколку експерименти за чиставода.( SDG 6 “Clean water and sanitation).Попладнето  прошетка низ Плоштадот Венеција, Колосеумот, а на крај завршувајќи го денот со вкусна вечера во ресторан проследен со смеи и шеги, Италијаните дефинитивно знаат да остават одличен прв впечаток.

Имавме можност да го посетиме седиштето на ФАО, организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, кои не запознаа малку повеќе со напорите што тие ги вложуваат со цел да се победи гладот, да се подобри исхраната и безбедноста на храната, а потоа и посета на G20 Зелената градина .

Пред познатата “Фонтана ди Треви”и покрај огромната посетеност успеавме да направиме убави слики, но и да одвоиме малку време за уживање во нејзината убавина. Преминувајќи потоа кон “Vicus Caprarius” или познато како “Градот на водата”, кој се наоѓа под самата фонтана и притоа успеавме да ги видиме остатоците од тврдините кои датираат уште од многу дамнешни времиња.

Форумот на Цезар е уште една атракција која ни остави особен впечаток. А   тотално воодушевување беше фасцинантната Систинска Капела и базиликата Свети Петар. Во Систинската Капела ренесансните дела и кај нас побудија чувства на душевна ренесанса. Фотографирањето беше забрането со цел да се почувствува светоста на местото.

Базиликата иако е свето место за состаноци и исклучителна атракција во Ватикан, таа сепак има друга цел. Се вели дека тоа е последното почивалиште на Свети Петар, чиј гроб се претпоставува дека е директно под високиот олтар на базиликата.

 Секој ден учествувавме на барем една работилница од речиси секаков тип. Меѓу поинтересните беше работилницата за изградба на еластична инфраструктутра, за промовирање на инклузивна и одржлива индустријализација и поттикнување на иновациите- SDG9-“Startups” – IBM  Workshop

И како за крај, домаќините  на последниот ден не прошетаа низ познатото место Вила д’Есте која изобилува со восхитувачка архитектура и панорамски поглед кон целиот Рим.

Како во песната “Се што е убаво мора да има и крај” така и нашата дружба заврши со ветување дека во некоја идна прилика можеби повторно ќе соработуваме како идни студенти, колеги, пријатели.