Erasmus+ проект SHARKS – петта мобилност во Полска
Почетна / ПроектиВо периодот 10-14.10 2022 во Лемборк , Полска се одржа четвртата мобилност на проектот SHARKS (Sustainability heroes and restless knights in schools), каде земаа учество 5 ученици од 2-4 година заедно со координаторот на проектот Билјана Јованчева.
Проектот е базиран врз SDGs (Sustainable Development Goals – Цели за Одржливост) од Агенда 2030, а на оваа мобилност акцент е ставен на SDG 8 (decent work and economic growth) и SDG 16 (peace, justice and strong institution).
На мобилноста присуствуваа 50 ученици, по пет од секоја земја-партнер во проектот: Италија, Шпанија, Португалија, Луксембург и Македонија, и 25 домаќини-ученици од Полска, од основното училиште бр. 1 во Лемборк. Нашите ученици беа сместени во фамилии, кои им обезбедија дом во следната недела. Тие беа позитивно изнеандени од топлиот пречек и гостопримливоста на семејствата.
Во следните дена, од 10-14 септември, во училишната читална се презентираа презентации, се одржуваа говори и се дружеа учесниците.
Во врска со темата на мобилноста SDG 8 учениците имаа онлајн средба со ученици од Средното училиште бр. 3 во Полска кое е член на државниот Иновативен Центар и можеа да дискутираат за темата. Учениците исто така презентираа и зборуваа за актуелните професии во својата земја, нивните интереси и амбиции за иднината.
За SDG 16 учениците имаа двочасовна средба со првиот Претседател на Полска од самостојувањето Лех Валеса. Нашите ученици поставуваа прашања и имаа директна комуникација со него. Беа договорени и средби со членот на Европскиот Парламент Јарослав Валеса, Градоначалникот на Лемборк и сл. Особено интерактивен дел беше дебата за иднината на Европската Унија која беше одржана во училиштето, на која Претседавач беше нашата ученичка, Бисера Ѓуровска.
Во попладневните часови домаќините ги прошетаа сите групи во градчето Лемборк. Гледавме филм за неговата историја, влеговме во локалниот замок, кулата на Лемборк, ги посетивме подвижните дини во Леба, Националниот Парк. Го посетивме и градот Гданск, каде имавме разглед на градот со туристички водич, посета на црквата Св. Мари, посета на Европскиот Солидарен Центар, и други значајни места.
За време на мобилноста, учениците научија традиционална полска игра, куглаа заедно, се натпреваруваа во спортски натпревари по фудбал, а не изостана и дегустацијата на познатите полски пиероги.
Се гледа од сликите, насмевките и атмосферата на целиот проект дека оваа мобилност беше успешна.