Состанок на наставниците од меѓународниот проект „Young Voices of Europe“ во Италија
Почетна / ПроектиОд 30 мај до 2 јуни, наставниците Билјана Јованчева, Кристина Ристовска и Марија Велевска присуствуваа на третата и последна средба на наставниците од меѓународниот проект „Young Voices of Europe“ во Капуа, Италија.
Меѓународниот проект „Young Voices of Europe 2021-1RO01- KA220-SCH-00008526“ се спроведува од септември 2022 година и е финансиран од Европската Унија. Главната цел на проектот е да им овозможи на учениците знаење за целите за одржлив развој (Sustainable Development Goals – SDG) и да им помогне да развијат одговорен однос кон животната средина.
За време на овој состанок, се дискутира завршените активности од проектот, како и методолошката книга создадена од наставниците за Целите за одржлив развој (SDG) и плановите за часови, кои ќе бидат дистрибуирани до други европски училишта.
Последната средба од овој проект беше крунисана со музички перформанс во изведба на учениците од училиштето домаќин на средба.
Среќни сме што имавме можност да се приклучиме на оваа меѓународна заедница.